
БРЗАЛЕ ДА ГАСНАТ ПОЖАР ВО ДУБРОВНИК, НО НАПРАВИЛЕ СУДАР: Хрватските пожарникари се удриле со Дачиа
Во обидите што
побрзо да стигнат до Дубровник каде беснеат пожари, храватските пожарникари
направиле сообраќајќа.
Околу10 часот утринава се
случила сообраќајна незгода во која учествувале противпожарно возило и патничко
возило. Судирот се случил на автопатот меѓу Видиковац и Дупац. Во Жупа Дубровачка на терен се над стотина
пожарникари поради големиот пожар кој избувна пред два дена.
Од Центарот за оперативни комуникации на полицијата велат
дека во несреќата нема повредени и дека повеќе информации ќе има по увидот.
Сообраќајот се одвива наизменично, а секако е отежнат поради
пожарот во Жупа Дубровачка.
