
Бројни корисници од Хрватска паднаа на лажна објава на Фејсбук
Страницата „Киа-Хрватска“ на Фејсбук се претставува како официјален профил на позната автомобилска марка, а пред два дена лансираа лажна наградна игра со најава дека ќе подарат дури 70 нови автомобили.
„По повод Божиќ 2023 година, нашата компанија KIA одлучи да донира 70 нови автомобили KIA. Сакаме денес да ги имате сите ваши автомобили во добра состојба. Затоа по случаен избор ќе ја испратиме до луѓето кои коментираат: „Среќен Божиќ“ од победник. Направете го тоа сега и со среќа“, беше објавено на оваа страница.
Оваа објава која е масовно споделена на оваа социјална мрежа ја посетија многу корисници.
„Ве молиме споделете ги нашите објави на вашиот профил и слободно регистрирајте се за да го потврдите вашето учество (копче Регистрирај се на врвот на оваа страница). Доколку ја поминете регистрацијата/верификацијата, повторно ќе ве контактираме за испорака. Среќно“, напишаа „организатори“ на овие лажни наградни игри.
Како што пренесуваат порталите од Хрватска, се уште нема реакција од официјалната веб-страница на КИА во Хрватска.
