
Британија ѝ дава на Полска борбени авиони откако таа ќе испрати 4 МиГ-29 во Украина
Велика Британија е подготвена да и помогне на Полска да ги пополни празнините во нејзината противвоздушна одбрана предизвикани од обезбедувањето на некои полски МиГ-29 на Украина, но досега Варшава не поднела такво барање, изјави денеска британскиот министер за одбрана Џејмс Хепи, цитиран од Ројтерс.
Минатата недела Полска објави дека во наредните денови ќе испрати четири борбени авиони МиГ-29 во Украина. Ова би ја направило Полска првата земја меѓу сојузниците на Киев што обезбедила такви авиони. Одлуката најверојатно ќе создаде потреба за зајакнување на опремата на полските воздухопловни сили.
Велика Британија ќе може да помогне да се пополнат таквите празнини, како што направи порано кога Полска и испрати на Украина тенкови Т-72. Лондон потоа и обезбеди на Варшава тенкови „Челинџер 2“, изјави Хепи за германскиот весник „Велт“.
„Ќе гледаме позитивно на полското барање за пополнување на празнините што се појавија“, рече Хепи.