
Бреидаблик испиша историја – прв претквалификант кој обезбедил второ коло во ЛШ!
Бреидаблик поради очајниот рејтинг на Исланд мораше да игра претквалификации за ЛШ, кои се воведени во 2018 година, мина два филтри, го прегази Будуќност со 5-0 во финалето и сега е прв клуб кој минал официјално прво регуларно коло во претквалификации, а тргнал од најслабата рунда.
Јасон Свантарсон во 16-та и Хоскулдур Гунлаугсон во 58-та ја обезбедија победата за заверка на второто коло, а Шамрок прекуГрахам Бурк во 65-та од пенал успеа само да намали, но Ирците немаа шанса да ја надоместат големата негатива за да направат сензационален пресврт и да ја продолжат евроавантурата во ЛШ.
Бреидаблик сега го чека дуел со дански Копенхаген во втората рунда, но Исланѓаните си обезбедија најмалку плејоф фаза во Конференциската лига, макар и да испаднат од ЛШ од данскиот гигант.
Босански Зрињски се спаси и се протна во второ коло и тоа после пенал-рулетот во пресметката со Уарту, кој успеа да ја надомести негативата од еден гол од домашниот меч и во 91-та да обезбеди продолженија (1-2), а со трет гол во дополнителните пола час да го добие мечот со 3-2, па ударите од белата точка да решаваат.
И таму вистинска драма, Уарту имаше 3-2 по три серии откако Зломислиќ промаши за босанскиот првак, ама следните два удари Ерменците ги промашија (Едуардо и Газарјан), па Зрињски на крај обезбеди втора рунда.
Во следното коло очекувано оди Раков со втора победа над Флора Талин со 3-0 (1-0 во првиот меч), Макаби Хаифа која со 2-1 славеше над Хамрун (4-0), Шериф Тираспол кој со 3-0 ја сомле Фарул Костанца после поразот во првиот меч со 0-1, како и Хакен кој со 2-0 вторпат го победи велшки ТНС (3-1). Бате Борисов со 2-0 славеше над Партизани Тирана после 1-1 во Албанија пред една недела.
Струга ТЛ, македонскиот првак испадна во оваа фаза со поразот денеска со 1-2 од Жалгирис (0-0 во првиот меч).
