Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРАНИТЕЛИТЕ НА ВАСЕВ И НУХИ ПОБАРАА СУДОТ ДА ИМ ГО УКИНЕ ПРИТВОРОТ КАДЕШТО СЕ 9 МЕСЕЦИ Ова е казна пред пресуда, невозможно е таму да се подготви одбрана, реагираа адвокатите
Македонија

БРАНИТЕЛИТЕ НА ВАСЕВ И НУХИ ПОБАРАА СУДОТ ДА ИМ ГО УКИНЕ ПРИТВОРОТ КАДЕШТО СЕ 9 МЕСЕЦИ Ова е казна пред пресуда, невозможно е таму да се подготви одбрана, реагираа адвокатите

04/02/2026

AA

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) морал да ги покрие финансиските обврски на Клиниката за радиотерапија и онкологија, иако тие биле создадени преку набавка на лекови на „реверс“, без претходно спроведени постапки и без фактури, беше посочено на денешното рочиште во Основниот кривичен суд, за предметот „Онкологија 2“ во кој се обвинети поранешниот медицински директор на клиниката, Нино Васев и поранешниот економски директор, Нехад Нухи.

Сведокот, поранешен директор на Одделот за финансиско работење при ФЗО, појасни дека Фондот немал увид во набавките на лекови на „реверс“ од страна на Клиниката, бидејќи за нив немало документација, но, како што појасни, долговите на крајот морале да бидат платени кога фактурите ќе доспеале.

– Во декември 2022 година, имајќи ги предвид висината на долговите и доспевањето на фактурите, 823 милиони денари, ако ги видите претходните месеци, а тоа беше моја работа во Фондот, доспеваат скоро 400 милиони денари за три-четири месеци. Тоа беше врв на долгот на Онкологија во декември 2022 година. Врз основа на ова, се гледа дека наеднаш стигаат многу повеќе фактури, отколку при нормалните нарачки и нормалните купувања со постапките. Ова е заради доспевање на фактурите кои дополнително се креирани за предвреме испорачаните, на „реверс“ земени лекови кои веќе се потрошени. Моравме на крајот да ги платиме и нив, како креирани обврски и долгови. Инаку, дававме пари колку што треба да добијат и согласност. Кога веќе ќе искреира ЈЗУ долг, Фондот е должен да го покрие – истакна сведокот.

На прашањето на Обвинителството дали при контролите Фондот имал увид во набавките на „реверс“, сведокот одговори негативно, посочувајќи дека без фактура нема основ за книговодствена евиденција.

– Не можам да кажам дали таму имало испратница или имало „реверс“, но немало фактура, што значи ако имало некаква испратница, пусулче, што и да е, кога нема фактура, нема достоен документ за израмнување на книговодствената промена. Нема фактура – не е книжено. Контролите ги гледаат книговодствените документи – рече сведокот.

Според сведочењето, иако во извештаите од контролите било нотирано дека има лекови за кои нема ниту постапка, ниту договор, ниту фактура и било укажувано дека тоа не смее да се прави, таквата пракса продолжила. На прашањето дали менаџментот постапувал согласно укажувањата, сведокот посочи дека „во делот на набавки без согласност не е постапувано“.

Во однос на финансирањето, беше потврдено дека Фондот во периодот од 2018 до 2021 година нема побарано заем од државниот Буџет, но дека таков заем бил побаран во 2022 година.

Одбраната побара од Судот да го укине притворот за обвинетите Васев и Нухи, нудејќи и имотна гаранција. Според одбраната на Нухи, адвокатката Анита Бегова, деветмесечниот притвор веќе претставува казна пред пресуда и оневозможува ефективна одбрана.

– Пред овој Суд, во повеќе наврати, како доказ дека обвинетите ќе бидат достапни за судење, беше понудена и гаранција од Нухи и Васев. Од Нухи конкретно, се понудени куќи од четворица негови братучеди, во вредност од над 350.000 евра, и од Васев – куќа во Козле со приближна вредност… Сигурна сум и дека ќе се сложите со мене дека секој има право на фер одбрана. Конкретно, сметам дека обвинетите имаат право на фер одбрана и судење, а такво нешто е невозможно затоа што тие се наоѓаат во притвор – истакна Бегова.

Како причина, таа наведе дека во КПУ Затвор Скопје е невозможно да се внесуваат компјутери и средства за подготовка на одбраната, а посетите се временски ограничени, односно имаат право на посета еднаш неделно со времетраење од еден час.

Бранителот на Васев, адвокат Дељо Кадиев, го поддржа предлогот, посочувајќи дека е „невозможно да се гради одбрана со клиент којшто се наоѓа во притвор“, поради ограничувањата во КПУ Затвор Скопје.

Кадиев наведе дека вербалните докази се речиси изведени и дека остануваат материјалните докази, на кои, како што рече, не може да се влијае. Според праксата на Европскиот суд за човекови права, Кадиев додаде дека причините за притвор мора постојано да се преиспитуваат, нагласувајќи дека за двајцата обвинети „не може да се зборува за опасност од бегство“.

По предлогот за укинување на мерката притвор, беше најавено дека Судот и Обвинителството ќе се произнесат на следното рочиште, закажано за 17 февруари 2026 година, за кога е најавено присуство на претставник од Државниот завод за ревизија.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42371
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња ѓомлезе

11/04/2026

Хуман гест во пресрет на велигденските празници сподели пејачот Стефан Спироски, кој најави дека ќе донира 1.000 парчиња ѓомлезе за семејства

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и воскресението

11/04/2026

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник.

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy