Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска на средба со јапонската амбасадорка Кавахара: Јакнење на соработката во енергетиката
Економија

Божиновска на средба со јапонската амбасадорка Кавахара: Јакнење на соработката во енергетиката

06/03/2025

AA

Министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорката
на Јапонија во Македонија, Н.Е. Сецуко Кавахара. На средбата се разговараше за
јакнење на билатералната соработка, со фокус на одржливата енергија, еколошките
технологии и инфраструктурните проекти.

Јапонија е
долгогодишен партнер на Македонија и значаен поддржувач на зелени иницијативи,
модернизација на енергетскиот сектор и заштита на животната средина.
Министерката Божиновска истакна дека искуството на Јапонија во развојот на
чисти технологии и енергетска ефикасност е од особено значење за Македонија во
нејзиниот процес на енергетска транзиција.

„Јапонија е
земја која е синоним за иновации и одржлив развој. Визијата за чиста енергија и
ефикасно користење на ресурсите е нешто кон што тежнееме и во Македонија.
Верувам дека преку партнерство можеме да ги зајакнеме капацитетите во
обновливите извори на енергија и да воведеме напредни технологии кои ќе ја
направат нашата енергетска иднина поодржлива,“ истакна министерката Божиновска.

Амбасадорката
Кавахара ја потврди посветеноста на Јапонија кон поддршката на проекти во
Македонија кои имаат за цел енергетска ефикасност, заштита на животната средина
и развој на технолошки решенија за подобра одржливост.

На средбата
беше нагласена потребата од продлабочување на соработката преку нови заеднички
иницијативи и програми кои ќе придонесат кон модернизација на енергетскиот
сектор и создавање на почиста животна средина во Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ноќна акција на полицијата: Приведени 18 лица низ државата

22/02/2026
Македонија

Товарно возило удри во пешак во Струга, 70-годишна жена почина

22/02/2026
Македонија

Финансиска претпазливост: Што треба да знаете пред да земете брз

22/02/2026
Македонија

Од утре стабилно време, во вторник можен локален дожд

22/02/2026
Македонија

Нов видео канал 4TV.mk – медиум за луѓето, не за

22/02/2026
Македонија

СПАС ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ: Македонските возачи на чекор до статус „професионалци“

22/02/2026
Македонија

ГУЖВА НА КРСТОСНИЦА? Внимавајте, дури и „зеленото“ светло може да

22/02/2026
Македонија

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН РАЗРЕШУВАЛЕ „НЕПОДОБНИ СУДИИ“ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41770
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ноќна акција на полицијата: Приведени 18 лица низ државата

22/02/2026

Во текот на 21/22.02.2026 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата

Товарно возило удри во пешак во Струга, 70-годишна жена почина

22/02/2026

На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски

Финансиска претпазливост: Што треба да знаете пред да земете брз кредит?

22/02/2026

Брзите кредити станаа честа појава во Македонија, но за многумина тие се и извор на финансиски проблеми поради високите каматни

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy