Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска: Најдобро е Чебрен да биде наш, македонски капацитет
Економија

Божиновска: Најдобро е Чебрен да биде наш, македонски капацитет

06/06/2025

AA

„Формиравме работна група во Министерството, кој работеше неколку месеци и изработи предлог. Тој предлог кажува дека овие капацитети е најубаво да се наши, македонски, ние да го имаме овој потенцијал бидејќи тој е над 300 MW електрична енергија. Тоа ќе биде проект не само за производство за електрична енергија, туку ќе се користи и за наводнување и за туризам, што значи еден сериозен проект.“ истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето интервју за Македонската радио телевизија (МРТ). 
Според министерката, анализите на експертите покажале дека ваков проект ќе чини најмалку 1 милијарда евра, во кој се предвидува изградба на брана од 190 метри и е еден комплексен проект кој би се градел 7-8 години. 
Божиновска потсети дека во изминатите декади се спроведени 14 неуспешни тендери за изградба на Чебрен.

Во изминатиот период во повеќе наврати од Владата изјавија дека ги истражуваат можните начини за финансирање на овој капитален проект, а од минатата недела истиот е дел и од листата на проекти кои би се финансирале преку договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42374
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата го приведе!

11/04/2026

На 10.04.2026 во 17:50 часот во с.Блатец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(44) од с.Блатец

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца странци

11/04/2026

Двајца мажи, на возраст од 36 и 40 години, со државјанство на Швајцарија и Германија и престој во битолското село

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026

Можно е ново намалување на цените на горивата во земјава, откако надлежните најавија дека на следната седница ќе се разгледува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy