
Борисов: Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на РСМ и Бугарија
Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на Бугарија и РС Македонија. Ова го напиша лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на својот профил на социјалната мрежа.
„Денес се навршуваат 151 година од раѓањето на големиот бугарски револуционер и македонски комита Гоце Делчев, кој го даде својот живот за ослободување и автономија на Македонија и Одринска Тракија. Гоце Делчев е симбол на заедничката историја што ги поврзува народите во Северна Македонија а Бугарија и денес!, напиша Борисов.