
Борис Џонсон стана татко по деветти пат
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери добија четврто дете, објавија тие на социјалните мрежи. На една од објавените фотографии, 60-годишниот Џонсон ја држи својата ќерка, Попи Елиза Џозефин, која е родена на 21 мај.
„Не можам да поверувам колку си убава и мала. Се чувствувам пресреќно. Не мислам дека имам спиено и минута откако се роди, бидејќи не можам да престанам да те гледам“, напиша Кери Џонсон на Инстаграм.
Борис и Кери се венчаа во мај 2021 година, а сега велат дека „Попи е последното дополнување на нивната мала банда“. Нивното прво дете се роди во април 2020 година.
Џонсон има уште четири деца од претходниот брак со Марина Вилер, како и едно дете од вонбрачна врска.

