Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОИ ЗА ЈАЈЦА, ЈАЈЦА, МЕСО…АХВ уништи 1,230 килограми производи пред Велигден
Економија

БОИ ЗА ЈАЈЦА, ЈАЈЦА, МЕСО…АХВ уништи 1,230 килограми производи пред Велигден

13/04/2025

AA

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници. Во рамки на 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца во пресрет на велигденските празници, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи. 

За утврдените недоследности со вонредните контроли изречени се казни во висина од 3.650 евра  во денарска противвредност и издадени се 22 решенија со наредби за нивно отстранување. 

„Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните. Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk“, се вели во соопштението од АХВ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СРПСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОКАЖАА ДЕМОКРАТСКА ЗРЕЛОСТ Честитка од Сиљановска Давкова за

26/10/2026
Македонија

ЧЕСТИТКА ОД МУЦУНСКИ ЗА ПОБЕДАТА НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА

26/10/2026
Македонија

ДАЛИ ФИЛИПЧЕ ГО ПРИЈАВИЛ ЦЕЛИОТ СВОЈ ИМОТ? За хронични лажговци

26/10/2026
Македонија

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на

25/10/2026
Македонија

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА

25/10/2026
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46366
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СРПСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОКАЖАА ДЕМОКРАТСКА ЗРЕЛОСТ Честитка од Сиљановска Давкова за победата на Студентската листа

26/10/2026

Претседателката на Македпнија, Гордана Сиљановска Давкова ја честиташе победата на Студентската листа на предвремените парламентарни избори во Србија. „Честитки за

ЧЕСТИТКА ОД МУЦУНСКИ ЗА ПОБЕДАТА НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА Им посака успех во исполнувањето

26/10/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски им честита на претставниците на Студентската листа за победата на предвремениte

ДАЛИ ФИЛИПЧЕ ГО ПРИЈАВИЛ ЦЕЛИОТ СВОЈ ИМОТ? За хронични лажговци нема место во политиката

26/10/2026

Венко Филипче стана препознатлив по спорните изјави, лагите и манипулациите во јавноста – во изминатиот период на виделина излегоа повеќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy