Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богоев: Нови дронови за поддршка во борбата против шверцот
Македонија

Богоев: Нови дронови за поддршка во борбата против шверцот

19/12/2023

AA

Двата клучни сектори за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни мерки, ќе се зајакнат со дронови што ќе бидат обезбедени како донација од Обединетото Кралство, со коишто ќе ракува специјален тим кој неделава помина обуки организирани од страна на експерти од Обединетото Кралство. Ова е од големо значење за зголемување на ефикасноста на институцијата, превентивно делување, како и обезбедување докази и зајакнување на истрагите што ќе води кон сузбивање на организираниот криминал.

„Поголемата видливост од воздух е многу важна во делот на справување со предизвиците со коишто се соочуваат царинските инспектори при откривање и спречување на нелегални активности. Методите за криумчарење постојано се усовршуваат, што соодветно бара зголемување на ефикасноста на двата клучни сектори за сузбивање на организираниот криминал и корупцијата“, рече Богоев на денешниот настан во рамки на кој тимови од Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни беа обучувани за ракување со опремата, a на кој присуствуваше и заменик директорот Муарем Асани.

Беспилотните летала овозможуваат поголема видливост како во текот на денот така и во текот на ноќта, како и фотографирање од далечина со висока резолуција. Ова е од голема корист при вршење на специјалните задачи поврзани со откривање организиран криминал и корупција.

Воедно користењето дронови овозможува покривање на поголеми области побрзо и поефикасно за разлика од традиционалните методи, што овозможува потенцијалните закани да се детектираат со голема брзина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ДОЖДОТ: Евакуирани 180 кичевчани, драма во Гостивар

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41495
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ЗАПЛЕНЕТИ

15/02/2026

Фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од селото Борисово на Тони Котев, на која ѝ беа запленети 30 тони дрога, во 2020

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо да избегаат, ги нападнале чуварите

15/02/2026

Три лица со коњска кола влегле во круг на фабрика во Ѓорче Петров, а откако биле забележани и предупредени од

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен – Украинскиот претседател се жали

15/02/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Додека Мицкоски ја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy