Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богоев на средба со пензионерите: Рекордно ги зголемивме пензиите на 330.000 пензионери
Македонија

Богоев на средба со пензионерите: Рекордно ги зголемивме пензиите на 330.000 пензионери

31/03/2023

AA

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев денеска се сретна со пензионерите од пензионерскиот клуб од општина Гази Баба.

Пред присутните, Богоев истакна дека СДСМ во последните години низ конкретни примери покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, особено за пензионерите.

-Од овој месец имаме историско зголемување на пензиите од 8,4 отсто. Пензиите согласно новата методологија минатата година ги зголемивме во два наврати, а со следното покачување кое е предвидено за септември оваа година, за само година и половина пензиите за сите 330.000 пензионери ќе се зголемат за вкупно 25 отсто. Покрај тоа, за пензионерите со ниски пензии обезбедивме тримесечна дополнителна финансиска помош за полесно надминување на последиците од кризата. Знаете и вие дека токму СДСМ исправи една децениска неправда и воведе државна социјална пензија за оние кои не исполнуваа услови да се стекнат со пензија, порача Богоев пред граѓаните.

Потпретседателот Богоев додаде дека грижата за сите граѓани е приоритет од кој СДСМ не отстапува и дека и во следниот период преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи ќе продолжи со реализација на мерки и политики што го штитат животниот стандард на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy