Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бочварски: Кичево-Охрид ќе биде завршен
Македонија

Бочварски: Кичево-Охрид ќе биде завршен

18/12/2023

AA

Извештајот за автопатот Кичево-Охрид од страна на експертите, кои треба да дадат свое мислење дали ќе продолжи изградбата на овој автопат со кинеската фирма „Синохидро“ или друга компанија ќе ги преземе градежните работи, е во изработка. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој денеска беше на увид во градежните работи на брана на река Отиња во Штип најави дека извештајот го очекува во текот на неделава.

-Јас очекувам во текот на оваа недела да биде доставен од страна на надзорниот орган и од страна на експертите до ЈПДП и до Министерството по што ќе побараме да биде разгледан тој извештај на седница на Влада и оттаму сите одлуки и идни чекори ќе ги носиме заеднички со Владата. Ќе ја презентираме целата моментална состојба, но овде таа презентација секако треба да дојде пред се и идните чекори треба да дојдат од експертите коишто ќе дадат насоки како да продолжиме со најдобрите решенија со цел овој автопат да биде завршен. Она кое што уште еднаш ќе го потенцирам – автопатот ќе биде завршен, но притоа мораме да ги запазиме сите процедури на експертите коишто ќе ги предвид и по оној план којшто ќе го дадат тие по тој план ќе работи и ЈПДП и Владата, вели Бочварски.

Прашан колкави би биле финансиските пенали кои државата би ги платила во случај на раскинување на договорот со „Синохидро“, Бочварски вели дека се уште не може да се зборува за раскинување на договорот и не може да се зборува за идните чекори се додека тој извештај не биде разгледан и притоа не биде донесена одлука од страна на Владата. Што се однесува за решавањето на проблемите и свлечиштата на автопатот Кичево-Охрид, Бочварски вели дека на автопатот се работи таму каде што има фронт за работа.

-Тоа беше пораката и од страна на Владата и од мене и од ЈПДП до изведувачите дека тие имаат обврска да работат на секоја позиција каде што е отворен фронт за работа. Но, онаму каде што се јавиле потешкотии, свлечишта, одредени потешкотии во однос на проектната документација и техничките решенија, таму секако треба да се репроектира, да се дадат нови технички решенија и притоа да се даде налог за работа на изведувачите, изјави Бочварски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy