
Блиските на убиените деца во масакрот во „Владислав Рибникар“ ги тужат државата и училиштето
Семејствата на убиените деца во масакрот кој се случи во мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, ги тужат државата и училиштето.
Семејство на едно дете убиено во мај, во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, поднело тужба против државата Србија, а друго го тужи и училиштето во кое се случи масовното убиство.
Членови на семејствата на децата убиени во тоа училиште поднеле приватна тужба против 14-годишното момче убиец К.К. и неговите родители за надомест на нематеријална штета, пишуваат српски медиуми. Има вкупно 27 тужители.
Ученикот Коста Кецмановиќ на 3 мај уби осум девојчиња, едно момче и службеник на обезбедувањето, а рани пет ученици и наставничка. Оваа трагедија ја потресе Србија, по што властите донесоа мерки за разоружување на населението.
фото ЕПА
