Бизнисменот Дестани во канцеларијата во Дубаи ги пречека амбасадорите на Македонија, Албанија и Косово
Познатиот тетовски бизнисмен Лазим Дестани денеска во Дубаи се сретна со албанските амбасадори акредитирани во Обединетите Арапски Емирати. Дестани преку Фејсбук објави дека го посетиле амбасадорот на Северна Македонија, Абдилкадер Мемеди, амбасадорот на Албанија Риди Куртези и амбасадорот на Косово Џабир Хамити во канцелариите на компанијата „Еколог“ во Дубаи. Дестани нагласува дека на средбата разговарале и за теми од економски карактер.
„Денеска, во канцелариите на нашата компанија во Дубаи, имав чест и задоволство да ги угостам во пријателска посета нашите амбасадори акредитирани во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), амбасадорот на Република Северна Македонија Абдилкадер Мемеди, амбасадорот на Република Албанија Риди Куртези и амбасадорот на Република Косово Џабир Хамити.
Покрај пријателските разговори, на оваа средба разговаравме и на теми од економска природа, бидејќи има бројни можности за капитални инвестиции од ОАЕ во нашите земји, во Албанија, Косово и Северна Македонија.
Им благодарам на почитуваните амбасадори за посетата посветена на нашата компанија и им посакувам континуиран успех во нивната дипломатска мисија“, напиша Лазим Дестани на социјалната мрежа Фејсбук.