Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Сите вработени во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати
Македонија

Битиќи: Сите вработени во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати

07/07/2023

AA

Сите вработени во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати со зголемена продуктивност и ефикасност на нивните работни места, изјави вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека очекува наредната недела да биде постигнат договор за општиот колективен договор.

-Со синдикатите разговараме и јас не сакам да лицитирам со проценти се додека преговараме. Јас останувам на ставот дека сите вработени во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати со зголемена продуктивност и ефикасност на нивните работни места. Вработените во јавниот сектор заслужуваат достоинствени плати. Преку дијалогот секако дека ќе добијат одредено зголемување кое што го преговараме. Ќе добијат нова методологија за плати, една засекогаш за да никогаш нема преговори и уцени без разлика на оваа или друга власт што ќе дојде и нормално, најверојатно ќе постигнеме согласност за исплата на К-15 и тоа да биде дел од општиот колективен договор. Моето очекување е дека наредната недела треба да имаме договор за општиот колективен договор со сите дефинирани моменти и понатму тоа да биде поттик за секој еден во јавниот сектор да биде во служба на граѓаните, како и приватните компании кои го генерираат развојот на нашата земја, изјави вицепремиерот Битиќи.

На новинарско прашање во врска со повлечениот пакет закони поврзани со даночните реформи, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, одговори дека владата ќе изврши дополнителни консултации и сака законите да бидат изгласани во Собранието.

-Во Собранието има една ситуација која што не следи 4 години, а тоа е блокирање на Собранието. Овие закони неколку месеци се блокирани во собраниските процедури и затоа одлучивме да ги повлечеме, да поразговараме со сите чинители и стоиме на ставот дека тие треба да поминат. За жал во Собранието како највисок законодавен орган нема слух за да законите бидат донесени. Секоја понатамошна одлука на Владата понатаму ќе биде одговор за неразумното однесување. Така направивме со законите за Бехтел кои ги пуштивме со европско знаме затоа што граѓаните немаат време да чекаат, како што на пример граѓаните во пелагонискиот регион со децении чекаат на пример за автопат или други проекти кои младите ги бараат, нагласи вицепремиерот Битиќи.

За зачестената појава на користење на неплатен одмор во организациите заради работа во странство, вицепремиерот Битиќи кусо коментираше дека фактот дека може да добијат неплатен одмор значи дека нивните работни места не се потребни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ДОЖДОТ: Евакуирани 180 кичевчани, драма во Гостивар

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41495
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ЗАПЛЕНЕТИ

15/02/2026

Фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од селото Борисово на Тони Котев, на која ѝ беа запленети 30 тони дрога, во 2020

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо да избегаат, ги нападнале чуварите

15/02/2026

Три лица со коњска кола влегле во круг на фабрика во Ѓорче Петров, а откако биле забележани и предупредени од

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен – Украинскиот претседател се жали

15/02/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Додека Мицкоски ја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy