Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи најави антимонополска акција против картелите со високи цени
Економија

Битиќи најави антимонополска акција против картелите со високи цени

12/09/2023

AA

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска потврди дека имал работен состанок со претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за да се започне поширока акција против евентуалните картели кои во трговијата формираат неподносливи цени на производите за граѓаните.

– Ги изнесов моите согледувања и врз основа на тоа да постапат во одредените сектори за кои заеднички сметаме дека треба соодветно да се делува. Тоа ќе го направат во соработка со ресорните министерства, пазарниот инспекторат и сите други институции кои што можат да бидат повикани, рече Битиќи.

На состанокот се зборуваlo за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

Вицепремиерот додаде дека акцијата ќе биде процес во кој не може да се очекува брзи резултати, бидејќи истраги кои алудираат на евентуално договарање на цени бара подолго време.

– Искуството покажува дека истрагите може да траат до една година, но првите резултати биле постигнувани веднаш откако започнала постапката. Ние алудираме на тоа дека имало планско здружување и сметаме дека имало одредено договарање на одредени трговци и други чинители кои нанеле штета и сметам дека тоа може да се поправи при самата постапка на КЗК, смета Битиќи.

Тој најави дека истрагата ќе започне за брзо време.

– Ќе започне најбрзо што е возможно. Јас сосема сум свесен за нивниот човечки капацитет и ресурси. Ќе треба да ги постават тезите за кои што денеска разговаравме за да можат да излезат на терен, а мислам дека тоа ќе го направат најбрзо што е возможно и соодветно на тоа ќе има реакција од сите, кажа вицепремиерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy