Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимовски: Нафтените деривати ќе поскапуваат, дизелот вонредно за 2,5 денари повисока цена
Економија

Бислимовски: Нафтените деривати ќе поскапуваат, дизелот вонредно за 2,5 денари повисока цена

19/06/2025

AA

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска во утринската емисија на МТВ рече дека вонредно за утре се зголемува за 2,5 денари цената на дизелот и екстра лесното гориво како резултат на шокот од иранско-израелскиот конфликт.

– Ова е прва недела, сега ќе биде првиот удар, денеска носиме вонредна одлука, дизелот и екстра лесното гориво ќе поскапуваат за 2,5 денари, рече Бислимовски.

Првиот регулатор изјави дека конфликтот освен што влијае на цената на суровата нафта, овој пат делува и на цената на природниот гас.

– Цената на природниот гас е за 20 проценти повисока минатата недела, а тоа најмногу ме загрижува, затоа што со тоа е поврзана цената на електрична енергија. Има нагорни придвижувања и на фјучерсите за третиот и четвртиот квартал во 2025, а кај фјучерсите за струја има зголемување з аоколу 3,5 посто што засега не е некоја голема промена, коментира претседателот на РКЕ.

Бислимовски рече дека од 2022 државата со законски измени има систематски механизам со кој се намалува акцизата ако има раст на цената на горивата.

– По она што го гледам, нафтата ќе оди меѓу 90 и 100 долари и тоа ќе предизвика пораст и на крајните цени на нафтените деривати, не само во Македонија, туку и во останатите земји, кажа тој.

Бислимовски потсети дека пред три години со руско-украинскиот конфликт цената на  мало на бензинот достигнала 110 денари по литар, а краткорочно позитивно е тоа што курсот на доларот во однос на денарот е намален.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Шара се помести за 10 милиметри, ослободена е енергија од

11/02/2026
Македонија

11 полицајци од Кочани осомничени за „Пулс“ го добија МВР

11/02/2026
Македонија

Девојка повредена во автобус во Скопје – граѓани алармираат за

11/02/2026
Македонија

ТОА БИ БИЛО ОТВОРЕНА ОБЈАВА НА ВОЈНА НА УНГАРИЈА Орбан

11/02/2026
Македонија

Променливо облачно со дожд и снег на планините

11/02/2026
Македонија

СЕДУМ ВОЗАЧИ ФАТЕНИ БЕЗ ДОЗВОЛА Mеѓу нив и малолетници зад

11/02/2026
Македонија

Македонец опериран со роботска кардиохирургија од македонски хирург во Германија

11/02/2026
Македонија

Комисијата за проценка на штети од земјотресот во Битола земала

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41323
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Шара се помести за 10 милиметри, ослободена е енергија од 100 тони ТНТ“ – професорот

11/02/2026

Земјотресот што го вознемири регионот не е само обично тресење, туку дел од фасцинантен геолошки процес на „растење“ и поместување

11 полицајци од Кочани осомничени за „Пулс“ го добија МВР на суд

11/02/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) преку одговор до Телма потврди дека 11 полицајци, осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во

Девојка повредена во автобус во Скопје – граѓани алармираат за несоодветна работа на јавниот превоз

11/02/2026

Синоќа, околу 23 часот, во преполн автобус на линијата 23, девојка се здобила со повреди кога возачот нагло закочил на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy