Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО – ќе биде стабилна до следното лето
Економија

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО – ќе биде стабилна до следното лето

16/10/2024

AA

– Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето, освен ако не се случи драматична промена на цената кај природниот гас, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и додаде дека сепак не очекува да има никакви промени. 

– Сега ние во пресметките сме влезени со цена на природниот гас од околу 40-ина евра за мегават час, ако отиде екстремно високо тогаш може да разговараме за зголемување на цената на парното, но, не верувам дека ќе имаме такви драстични промени, така што за цената на парното не очекувам никакви промени, изјави Бислимоски на паузата на состанокот на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија чиј коорганизатор е РКЕ.

Смета дека земјава нема да има никаков проблем во снабдувањето на природен гас. 

– Во Македонија природниот гас доаѓа преку т.н. Турски тек, доаѓа од Турција, така што нема никаков проблем за да дојде гасот. Во овој момент некаде нешто помалку од половината од постојниот гасовод е искористен, а во план е да се направи нова интерконекција со Грција која што ќе има далеку поголем капацитет од постојната, така што обезбедувањето на природниот гас во наредниот период нема да биде проблем, посочи Бислимоски.

Прашан дали може градоначалник на општина да побара грејната сезона за основните училишта наместо од 15 октомври, како што е вообичаено, да почне од 1 ноември, Бислимоски рече дека тоа е одлука на самиот потрошувач. 

– Ние имаме правила за снабдување и компаниите коишто се задолжени за тоа се обврзани да започнат со испорака на топлинска енергија. Сега таму каде што има калориметри не во згради, туку во индивидуални куќи, самиот сопственик може да каже јас сега ќе бидам исклучен, па ќе се вклучам кога ќе биде поладно. Така што, во насока на ова го гледам тоа што го направиле во Општина Карпош. Значи, тоа е одлука на самиот потрошувач, рече Бислимоски. 

Во Скопје, како што посочи, моментално температурите се релативно високи, така што верува дека ќе нема никаков проблем. 

– Факт е дека сите општини во Градот Скопје во изминатиот период се соочија со зголемени трошоци за топлинска енергија. Ние токму за оваа категорија на потрошувачи во февруари годинава еднаш ја намаливме за 35 проценти цената за топлинската енергија, и сега во јули ја намаливме за дополнителни 20-ина проценти со цел да ги растовариме пред се основните училиштата, средните училишта и градинките, истакна Бислимоски.

За поплаките дека вчера и денеска немало парно греење во некои објекти рече дека се вообичаени за почетокот на грејната сезона и додаде дека оваа година нема голем обем на жалби, а и временските услови се поволни.

– Сега има мала испорака на топлинска енергија. Ние сме во комуникација и со ЕСМ дистрибуција, излезени се на терен. Може да има поплаки навистина да има проблеми и веднаш ќе бидат решени. Компанијата е транспарентна, објави дека имало проблеми – не можат да пристапат до топлинските станици, немаат клуч, некој треба да им отвори, има одредени објекти каде што не се платени сметките за електрична енергија и пумпите не работат, значи тоа се вообичаени работи. Но, тоа нема никаква поврзаност со топловодот под мостот Беласица, посочи Бислимоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46655
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА Кочанец 3 месеци демнел жена

08/11/2026

Жена од Кочани 3 месеци била изложена на демнење и закани со објавување експлицитни фотографии и видеа, кои биле тајно

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени закони, 5 се донесени, другите

08/11/2026

Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ во Министерството за правда во изминатите 2 години, оцени на партиска прес-конференција поранешниот

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА Преку „Еуростандард банка“ пари се

08/11/2026

СДСМ молчел кога 110 милиони евра од Венецуела се слеале во „Еуростандард банка“, а парите завршувале во фирми блиски до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy