Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата, потребно е двотретинско мнозинство
Македонија

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата, потребно е двотретинско мнозинство

17/06/2025

AA

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) да ја определува конечната цена на водата – ова е клучното барање на учесниците на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“ во организација на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ.

За тоа да се случи, неопходна е да се направат измени на сет на закони, за кои е потребен општествен и политички консензус, посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

„Потребно е двотретинско мнозинство со кое ќе се донесат измените на законите во оваа област и ќе се овозможи РКЕ, наместо советите на општините да ја утврдува конечната цена на водата. Начинот на кој сега се определува цената, не е во ред: долга е процедурата, поделена е во повеќе фази и не го дава посакуваниот резултат. Ние заедно со АДКОМ ќе поднесеме иницијатива до Собранието, за да отпочне процедурата за промена на законската регулатива. Имаме методологии, кои се поттикнувачки и веруваме дека ќе влијаеме на подобрување на економските перформанси на претпријатијата, оптимизирање на нивната работа и намалување на загубите на водни услуги “ изјави Бислимоски, претседател на РКЕ.

Неопходни се стабилни и самоодржливи јавни комунални претпријатија (ЈКП), за да се направи промена на дотраената водоводна инфраструктура, што пак ќе влијае врз намалувањето на загубите.

„Ние немаме Б опција да работиме без јавните комунални претпријатија. Мора да поставиме систем кој ќе биде економски одржлив, а не да се одржува врз основа на донации. Да ги поттикнеме оптимално да работат, но и да се остави можност да направат профит, пари кои ќе ги инвестираат во енергетска ефикасност и во нови капацитети за обновливи извори.“ изјави Бислимоски, претседател на РКЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
Македонија

НАВРЕДАТА КОН ЕДНА Е НАВРЕДА ВРЗ СИТЕ ЖЕНИ Пешевска жестоко

11/02/2026
Македонија

Тетовчанец изнајмил возило од ,,Рент а кар” па го продал

11/02/2026
Македонија

ХАОСОТ ВО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ВОДИ ДО БЛОКАДА

11/02/2026
Македонија

1.108 СТЕБЛА ИСЕЧЕНИ, ШТЕТАТА Е 5.000 ЕВРА Осуммина осомничени за

11/02/2026
Македонија

ССМ продолжува со блокади: Утре на удар Стопанската комора и

11/02/2026
Македонија

По долга пауза, повторно активирана Неврохирургија во „8-ми септември“ –

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41348
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, изрази незадоволство од досегашниот учинок на неговата партија во рамките на коалицијата ВЛЕН и

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете од Битола демантира дека чувале

11/02/2026

Самедин Канановски, вујкото на двегодишното дете кое беше брутално нападнато од кучиња во битолската населба Баир, ги отфрли шпекулациите дека

НАВРЕДАТА КОН ЕДНА Е НАВРЕДА ВРЗ СИТЕ ЖЕНИ Пешевска жестоко му одговори на Трендафилов за

11/02/2026

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ остро ги осуди наводите на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов со кој пратеничката Дафина Стојановска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy