
БЕЗОС, ГЕЈТС, БЕНИОФ, АЛТМАН НАЈДОА НОВ СВЕТ ГРАЛ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ: „Нема ограничување штом ќе го започнете“
Најбогатите луѓе
на планетата, челниците на технолошките гиганти пронајдоа нов, свет грал на
инвестиции – нуклеарната фузија.
Џеф Безос, Бил
Гејтс, Марк Бениоф, Сем Алтман, Винод Косла и Питер Тиел се само неколку од
милијардерите кои влегле во бранот инвестиции во технологијата која – барем
засега – не е профитабилна. Сепак, се чини дека најбогатите луѓе во светот не
се грижат премногу за тој факт.
Марк Бениоф,
ко-основач и извршен директор на Salesforce, ја нарекува изградбата на фузиските
реактори „величествен сон“.
„Тоа е светиот
грал. Тоа е митски еднорог. Нема ограничување штом ќе го започнете“, изјави
Бениоф за The Wall Street Journal.
Бениоф
инвестираше во американската компанија Commonwealth Fusion Systems (CFS), која
дизајнира и гради компактни машини за нуклеарна фузија. Бил Гејтс е исто така
инвеститор во CFS, а основачот на Amazon Џеф Безос инвестираше во канадската
компанија General Fusion.
Секторот за
нуклеарна фузија забележа голем пораст на глобалните инвестиции во последниве
години. Само во 2021 година, околу 2,8 милијарди долари беа инвестирани во
фузија, во споредба со околу 2 милијарди долари во претходната деценија.
Бениоф рече дека
лицето кое го убедило да инвестира во компанија која се занимава со
комерцијализација на нуклеарна фузија е Винод Косла, ко-основач на Sun
Microsystems.