
Без вода утре дел од централното подрачје на Скопје
Утре, од 7:00 часот, корисниците од објектите МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ТЦ „Мавровка“, дел од скопската чаршија, Саат-кула, ул. „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од бул. „Крсте Мисирков“ ќе останат без вода.
Според известувањето од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна линија на бул. „Крсте Мисирков“.
Водоснабдувањето ќе биде обновено веднаш по завршувањето на потребните работи.

