Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Без тоа нема живот! На што потрошивме една милијарда евра за 10 месеци?
Економија

Без тоа нема живот! На што потрошивме една милијарда евра за 10 месеци?

13/12/2023

AA

Дизели, бензин, автоплин, мазут и керозин. За првите 10 месеци за нивниот увоз сме потрошиле реално една милијарда евра. Тие пари биле неопходни за да обезбедат мобилност на нашето општество и движење на нашата економија. Ако е за утеха, лани заради повисоките берзански цени сме платиле 34 отсто повеќе пари за нивниот увоз кој во огромна мерка доаѓа од соседна Грција

Во првите десет месеци годинава сме потрошиле 1,22 милијарди евра за увоз на дизел горива, бензин, автоплин, мазут и природен гас покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени деновиве.

Овој параметар уште еднаш ја покажува целосната увозна зависност на Македонија од фосилните горива. А неговото значење доволно се илустрира со тоа што ќе даде конктекстот, а тој е немилосрден и покажува дека 13 отсто од целиот увоз за потребите на 1,8 милиони граѓани отпаѓа на фосилни горива.

Ако е за утеха статистиката покажува дека вредноста на увозот на фосилни горива се намалила за 34 отсто во споредба со истиот период лани. А тоа е затоа што лани цените на нафтените деривати на светските берзи дивееја и беа целосно непредвидливи и многу повисоки. Лани за истиот период за увоз на нафтени деривати сме потрошиле 1,84 милијарди евра.

Увезеното гориво во најголема мерка го трошеле повеќе од 650.000 регистрирани автомобили, автобуси, камиони, мопеди и скутери, тешки и лесни градежни машини, а и по некој авион од странските компании и 3-4 хеликоптери на АРМ и на МВР.

Важно е да се истакне и тоа дека според евиденцијата на државната статистика дел од горивото што било увезено потоа е ре-експортирано (во најголема мерка на Косово) кое купува гориво преку Македонија особено сега во периодот на влошени политички и економски односи со Србија.

Така, според евиденцијата на ДЗС Македонија извезла фосилни горива во вредност од 285 милиони евра. Тоа значи дека реално Македонија за десет месеци потрошила една милијарда евра за задоволување на своите потреби за нафтени деривати.

Црното злато во форма на дизел, бензини, мазут и автоплин во Македонија во најголема мерка влегува од соседна Грција. Токму тој увоз Грција ја прави реално втор најголем трговски партнер на Македонија. Увозот од Грција во првите десет месеци изнесува 886 милиони евра. Најголем дел од тоа е увоз на нафтени деривати. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy