
Бетис со три гола ги реши Столе и Рајо (ВИДЕО)
Столе Димитриевски беше двапати матиран во првото полувреме, и тоа преку Сабали во петтата и Перез во 44. минута.
Рајо на стартот на вториот дел се врати во игра и намали на 1-2, а во продолжение од средбата гостите промашија неколку шанси и тоа го казни Иглеасиас во 96. минута (3-1).
Бетис се наоѓа на шестата позиција со 55 бодови, односно седум помалку од местата кои водат во Лига на шампиони (ЛШ).

