Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими за април зема плата од 125 илјади денари, но смета дека сега не е најповолно време за зголемување на платите во јавниот сектор
Македонија

Бесими за април зема плата од 125 илјади денари, но смета дека сега не е најповолно време за зголемување на платите во јавниот сектор

15/05/2023

AA

Министерот за финансии Фатимир Бесими денеска потврди дека за април 2023 година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд.

Како што информира на денешната средба со новинарите, досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.

Информира дека зголемена плата за 78 отсто им се исплаќа на 1.060 функционери и дека за таа намена до крајот на годинава од Буџетот ќе се потрошат дополнителни 960 милиони денари.

-Добро е што Уставниот суд го укина спорниот член од 2012 година за коефициентите на платите наместо да го поништи. Ако го поништеше на функционерите ќе требаше да им се исплати застостанат долг за речиси 11 години со затезни камати, рече Бесими.

Смета дека сега не е најповолно време за усогласување и зголемување на платите во јавниот сектор, бидејќи ќе има импликации на инфлацијата и препорачува зголемувањето на плати да се имплементира од 2024 година. Според него, платите во јавниот сектор треба да растат ако расте продуктивноста и ако се зголемат платите во реалниот сектор.

-Усогласувањето на платите на Економско-социјалниот совет ќе трае подолго, а методологијата за зголемување на плати може да се донесе побрзо, рече Бесими на средбата со новинарите.

Неодамна Уставниот суд укина одредба од Законот за плати за коефициентите на плати со која се овозможи на јавно избраните функционери да им се зголемат платите за 78 отсто. Одредбата за коефициентите на плати донесена во 2012 година пред Уставниот суд беше оспорена од адвокат. Со неа покрај функционерите во Владата се опфатени и пратениците, градоначалниците, судиите,…, и другите избрани лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

09/02/2026
Македонија

ССМ повика на блокада пред Собранието

09/02/2026
Македонија

ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА

09/02/2026
Македонија

ДРАМА ВО БЛИЗИНА НА РУМА: Потрага по киднаперите на Даниел

09/02/2026
Македонија

ДРАМА НА ЛЕТОТ СКОПЈЕ – ПАРИЗ Поради срцеви тегоби на

09/02/2026
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41217
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

09/02/2026

Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален

ССМ повика на блокада пред Собранието

09/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест и блокада пред Собранието на 10 февруари 2026 година (вторник) со почеток

ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА Медицинската марихуана е само параван

09/02/2026

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy