Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Најмногу екстра данок ќе платат фирмите од енергетскиот сектор и игри на среќа
Економија

Бесими: Најмногу екстра данок ќе платат фирмите од енергетскиот сектор и игри на среќа

27/09/2023

AA

Во време на ковид-кризата фирмите беа поддржани со низа мерки од државата. По принципот на солидарност, оние фирми кои оствариле екстра профит, како резултат на минатогодишните случувања на пазарот, а од кои голем дел користеле претходно владини мерки, треба да придонесат преку плаќањето на данокот за солидарност, средства кои ќе се користат исклучително за новиот пакет антикризни мерки за граѓаните и фирмите. Ова е една од пораките во рамки на вчерашното гостување на министерот за финаннсии, Фатмир Бесими во дебатата со претставниците на бизнис секторот на Тв 24.

Министерот за финансии истакна дека најголем дел од компаниите кои оствариле екстра профит лани, за повеќе од 20% од просекот од претходните три години и подлежат на данокот на солидарност се  околу 40% фирми од енергетскиот сектор, околу 40% се фирми од финансискиот сектор, игри на среќа и трговија на мало и остатокот од 20% се фирми од други дејности.

Бесими посочува дека солидарниот данок се носел низ инклузивен процес со повеќе јавни расправи, но и билатерлани средби со коморите, уште од декември 2022 година. Во самите расправи се прифатени нивни сугестии од кои едната се однесува на годините кои се земаат за основицата за пресметка, што влијаеше и намалување на фискалниот ефект на оваа мерка од 90 на 50 милиони евра.

„Импликациите од Законот за данок на солидарност се 50 милиони евра. Средствата се наменски и се одредени за антикризни мерки. Ако не, тие средства ќе треба да се обезбедат на друг начин, а тоа е задолжување со камата од минимум 7%. Тие средства повторно ќе ги платат даночните обврзници – ние, идните генерации, но со многу повисок трошок“, рече министерот Бесими.

Данокот на солидарност се воведе во повеќе земји на ЕУ. Тој се состои врз два принципи – екстра добивка создадена од конјуктурата во пазарот и солидарноста.

„Свесен сум дека компаниите нема да кажат фала за законот за солидарност, бидејќи им се наметнуваат нови давачки. Но, кои се импликациите? Импликациите доколку не се реализира данокот на солидарност, кој бил дискутиран, за кој средствата се наменски, се одредени за антикризни мерки, тие средства ќе треба да се обезбедат на друг начин, а тоа е задолжување со камата од минимум 7%. Тие средства повторно ќе ги платат даночните обврзници – ние, идните генерации, но со многу повисок трошок“, посочи министерот Бесими.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е

23/02/2026
Македонија

Судот му одреди куќен притвор на Артан Груби

23/02/2026
Македонија

ОДРОН ВО ТУНЕЛОТ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Сообраќајот се одвива по

23/02/2026
Македонија

36-годишник од САД физички нападнал полицајци на наплатната станица Демир

23/02/2026
Македонија

Се бара враќање на автономијата – реакции на предлог-законот за

23/02/2026
Македонија

Куќен притвор за Артан Груби и одземање на пасош

23/02/2026
Македонија

Малолетник физички нападнат од врсници во Скопје

23/02/2026
Македонија

🎥 ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРУБИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО Изведен е пред

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41830
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено!

23/02/2026

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. „Затоа судството

Судот му одреди куќен притвор на Артан Груби

23/02/2026

По доставениот предлог од јавниот обвинител и одбраната, Основниот кривичен суд во Скопје донесе одлука со која се менува претходно

ОДРОН ВО ТУНЕЛОТ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Сообраќајот се одвива по една коловозна лента

23/02/2026

Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, после Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира Автомото сојузот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy