Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бербок: Ако не сакате сите млади да одат во Европа, тогаш Европа треба да ја донесете овде
Македонија

Бербок: Ако не сакате сите млади да одат во Европа, тогаш Европа треба да ја донесете овде

23/03/2023

AA

Ако не сакате сите млади да одат во Европа, тогаш Европа треба да ја донесете овде, порача денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, на заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

– Сакам да ја изразам мојата почит и признание колку досега Северна Македонија консеквентно чекореше по европскиот пат. Знаеме какви компромиси и отстапки Вие направивте за сево ова, поаѓајќи од промената на името на земјата, па се до постигнувањето на согласност за промената на Уставот минатото лето. Знам дека договорот што го постигнавте со Бугарија не беше лесно за вас и затоа им се обраќам на сите оние луѓе кои се уште чувствуваат некаква нелагодност во однос на тоа. Уставот не е нешто што се менува постојано, туку тоа се важни чекори и затоа и можам да разберам дека се дебатира за тоа – особено кога станува збор за сопствениот идентитет и сопствената историја, јазик и култура, рече Бербок.

Според неа, затоа е многу важно „во вакви моменти кога станува збор за сопствениот идентитет да не се водат црно-бели дебати, туку да се зборува поинаку во политиката“.

– Важно и значајно беше што Вие го трасиравте овој пат особено во однос на посебните предизвици. Со оваа храбра политичка одлука можат пристапните преговори официјално да започнат и Вие со оваа политичка одлука и политички капитал испративте јасен сигнал до целиот регион – го сакаме приемот во ЕУ и ќе направиме се што е неопходно за тоа. Кога станува збор за спроведување на договореното и кога навистина мора да се промени Уставот, тогаш можам само да ве охрабрам – искористете ги сите расположливи средства процесот да продолжи во наредните месеци, да не се случи да не успеете на оваа клучна пречка, нагласи Бербок.

Договорената промена на Уставот, истакна Бербок, не смее да стане политичко јаболко на раздорот во натпреварот за популарност во анкетите или натпреварот во тоа која партија на крајот на изборите би можела да има некаква предност.

– Демократијата е понекогаш напорна, но мислам дека ние доживеавме дека овие напори коишто стопати се изразуваат во компромиси дека секој нешто мора да даде, никој не може да се наметне со стопроцентна замисла овие компромиси, овие демократски компромиси вредат за секој напор. Тие се најдобра заштита за тоа нашите деца во иднина да можат да живеат во мир и во слобода, без масивна зависност, без мешање од други актери кои во овој мир и оваа слобода на државите но и на луѓето ја поткопуваат, рече Бербок.

Според неа, големите опасности за земјите, за општествата, а со тоа и за иднината на демократските држави е дека младите не ја гледаат иднината само во една земја туку и во друга земја.

– Може да има различни причини за тоа, но ние доживеавме во изминатите години дека особено млади луѓе толку многу копнеат да го направат тоа што е нормално да живеат слободно, да имаат можности да одлучат каде да живеат, да одат да работат каде што сакаат, да може да видат економски напредок и во својата земја. И во изминатите 17 години ако помислиме дека веќе се поминати 17 години дека ние имаме ваква слобода во ЕУ но сега, веќе помнам 20 или повеќе години и се уште не се случило тоа. Исчекувањето не е исполнето, политиката, општеството не го направиле тоа. Го вртите грбот и тогаш имате или одите во некоја друга европска земја, бидејќи Вашата земја не влегла во ЕУ. Тоа го видовме и можам сосема отворено да кажам ние во Германија не сме баш несреќни поради тоа дека имаме недостиг на работна сила, потребни ни се итно млади луѓе, но не сакаме младите луѓе да дојдат кај нас затоа што тие би можеле исто така би можеле да имаат добри ситуации тука, посочи Бербок.

Османи, од своја страна, посочи дека германската министерка доаѓа во клучен период за земјава, кога Северна Македонија претседава со ОБСЕ и со две регионални платформи оваа година, што зборува, како што истакна, за новата регионална позиција на земјава.

– Германија продолжува да биде еден од најсилните партнери на европската интеграција на регионот и во тој контекст би сакал да се заблагодарам за силната и континуирана поддршка што ја добива и нашата земја, рече Османи.

Според него, 2030 е амбициозна, но остварлива цел за интеграција во ЕУ на сите земји од Западен Балкан.

– Северна Македонија има преземено обврски коишто мора да ги испорача, а преговорите со ЕУ за членство мора да продолжат. Овој пат тоа зависи само од нас. Во Унијата не се интегрира Владата, туку целата држава, заедно со опозицијата и секој од нас треба да ја понесе обврската за овој процес и тука сметаме на поддршката на нашите европски пријатели, истакна Османи.

Германија, додаде Османи, е наш трговски партнер број еден, со кого имаме највисока трговска размена.

– Изминатата година достигна над пет милијарди евра и продолжува да се зголемува, а од Германија во земјава доаѓаат и најголемите странски инвестиции со над 200 германски компании присутни на нашиот пазар. Оттука сакаме оваа соработка да ја крунисаме со создавање стратешко партнерство меѓу двете земји, нагласи Османи на заедничката прес-конференција со шефицата на германската дипломатија Бербок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ИСТРАЖИ ЗОШТО НЕКОИ ЦЕНИ РАСТАТ ОД ДЕН ЗА

10/04/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во

10/04/2026
Македонија

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не

10/04/2026
Македонија

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има

09/04/2026
Македонија

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Во Македонија фирми профитираат од кризата, додека 90% од

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42336
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена соработка и размена на информации

10/04/2026

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија м-р Ненад Савески денеска оствари работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија

ЌЕ СЕ ИСТРАЖИ ЗОШТО НЕКОИ ЦЕНИ РАСТАТ ОД ДЕН ЗА ДЕН Владата следната недела ќе

10/04/2026

„Го намаливме ДДВ-то на горивата најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме и со акцизата што позитивно влијаеше, имајќи предвид

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во моментот е народот, вели Лефков

10/04/2026

Опозицијата се изгуби во својата улога, додека единствениот коректив на власта во моментот е народот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy