Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бен Афлек забележан со поранешната сопруга: „Во последно време често се заедно“
Магазин

Бен Афлек забележан со поранешната сопруга: „Во последно време често се заедно“

08/12/2024

AA

Бен Афлек и Џенифер Гарнер и по разводот останаа во пријателски односи, но странските медиуми пишуваат дека тие се заедно во последно време.

Папараците ги снимиле за време на заедничко возење во Лос Анџелес, а според магазинот „Пипл“, Џенифер пред тоа му доставила појадок на Бен и останала со него некое време.

„Тие секогаш ќе бидат блиски затоа што имаат деца и одржуваат пријателски сородителски односи“, рекол извор близок на актерите откако заедно го прославиле Денот на благодарноста.

Бен и Џенифер учествуваа во хуманитарна акција со своите деца и доброволно се пријавија во Полноќната мисија во Лос Анџелес, служејќи им топли оброци на повеќе од две илјади бездомници.

Фотографиите кои тогаш се појавија ги изненадија сите фанови на актерот бидејќи по долго време беше фотографиран насмеан и расположен. Откако го поминале тој празник заедно, извори тврдат дека децата ги замолиле да го поминат и Божиќ заедно. Наводно познатите родители решиле да им ја исполнат таа желба.

„Џен навистина сака нејзините деца да бидат среќни. Таа ќе продолжи да се грижи да поминуваат време заедно како семејство, а тоа го вклучува и Бен. И тие имаат божиќни планови со децата. Децата уживаат да поминуваат време заедно”, открил изворот.

Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а и потоа останаа во одлични односи поради нивните деца – Виолета (18), Серафин (15) и Семјуел (12).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
Македонија

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е

23/02/2026
Македонија

Судот му одреди куќен притвор на Артан Груби

23/02/2026
Македонија

ОДРОН ВО ТУНЕЛОТ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Сообраќајот се одвива по

23/02/2026
Македонија

36-годишник од САД физички нападнал полицајци на наплатната станица Демир

23/02/2026
Македонија

Се бара враќање на автономијата – реакции на предлог-законот за

23/02/2026
Македонија

Куќен притвор за Артан Груби и одземање на пасош

23/02/2026
Македонија

Малолетник физички нападнат од врсници во Скопје

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41831
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026

Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје воведе нова можност за корисниците на јавниот превоз, со која картичките за патување може да

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено!

23/02/2026

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. „Затоа судството

Судот му одреди куќен притвор на Артан Груби

23/02/2026

По доставениот предлог од јавниот обвинител и одбраната, Основниот кривичен суд во Скопје донесе одлука со која се менува претходно

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy