Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Белорусија воведува смртна казна за државните функционери за „велепредавство“
Македонија

Белорусија воведува смртна казна за државните функционери за „велепредавство“

21/02/2023

AA

Белорусија ќе го прошири својот кривичен закон за да овозможи смртна казна за владини службеници и воен персонал за „велепредавство“.

Одредбата ја усвои парламентот во Минск, јави денеска државната новинска агенција Белта.

Белорусија, каде на власт е претседателот Александар Лукашенко, е последната земја во Европа која сè уште изрекува смртна казна.

Минатата година, земјата беше цел на меѓународни критики поради проширување на примената на смртната казна за подготовка на терористички напади. Мерката беше усвоена како одговор на саботажата на железницата од страна на белоруски активисти со цел да се спречи транспортот на руски војници кои ја напаѓаат Украина.

Лукашенко ја стави својата земја на располагање на Русија како база за почеток на војната против Украина.

Белорусија досега не учествуваше активно во борбите, но неодамнешното создавање на заеднички сили ги поттикна шпекулациите дека Москва ќе изврши притисок врз Минск да се приклучи на нејзините офанзивни операции.

Илјадници луѓе се затворени во Белорусија од политички причини откако Лукашенко го уништи протестното движење есента 2020 година по претседателските избори кои опозицијата и Западот ги сметаат за наместени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата бара трајно решение за проблемот со ЕЕС системот, Мицкоски

05/05/2026
Македонија

Први пресуди за пожарот во „Пулс“: Условни казни за тројца

05/05/2026
Македонија

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА: СВР Охрид најавува отворен ден

05/05/2026
Македонија

МВР со детали за обезбедувањето на Мицкоски: Ја претепал сопругата,

05/05/2026
Македонија

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за

05/05/2026
Македонија

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче

05/05/2026
Македонија

Напад од кучиња скитници во Гостивар, 19-годишна девојка тешко повредена!

05/05/2026
Македонија

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

05/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43082
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy