„БЕЛАСИЦА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРОБЛЕМ СО ГРЕЕЊЕТО“: Жителите на Автокоманда се мобилизираат, бараат од Стефковски да ги врати на Железарско парно
Жителите на Автокоманда, бараат од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски да испрати допис до Регулаторна комисија и Владата, со барање повторно да се вратат на ЕЛЕМ Енергетика, бидејќи ЕСМ Снабдување ќе врши санација на топловодниот систем на мостот „Беласица“ и тешко дека ќе се санира за да ги снабдуваат со топлинска енергија за тековната грејна сезона.