Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бела куќа: Лага е дека САД се вклучени во нападите со дронови на Кремљ
Македонија

Бела куќа: Лага е дека САД се вклучени во нападите со дронови на Кремљ

04/05/2023

AA

Изјавите на Русија дека нападот со дронови на Кремљ е организиран од САД се лажни, изјави денеска Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност во Белата куќа.

-Очигледно тоа е апсурдно тврдење, рече Кирби во интервју за Си-Ен-Ен.

– Соединетите Држави со ова никако не се поврзани. Ние дури не знаеме што всушност се случило, но можам да ве уверам дека Соединетите Држави не играат никаква улога во ова, изјави Кирби.

Додаде дека Путин е агресор и може да го заврши конфликтот со повлекување на војската од територијата на Украина.

Тој исто така изјави дека не му се познати разузнавачки информации дека Русија има намера да врши напади на системите на критична инфраструктура на НАТО.

Коментарот доаѓа по изјавата на првиот човек на разузнавањето на НАТО дека Русија може да саботира подводни кабли за да се одмазди на западните земји за помошта што ја даваат на Украина. Во врска со ова Алијансата ја засили заштитата на подводната инфраструктура по експлозиите на гасоводот „Северен тек“ лани во септември.

-За тоа ние помниме и внимателно следиме уште од самиот почеток на војната, изјави Кирби.

Во врска со нападите на дронови на Кремљ и денешното обвинување од Русија дека зад тие напади стојат САД, а со цел убиство на претседателот Владимир Путин, Кирби за Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, лаже.

-Тој едноставно лаже, изјави Кирби за телевизијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy