Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕКТЕШИ НЕМА ПОТПИШАНО НИТУ ЕДНА ЛИЦЕНЦА ЗА „ПЛУС“ Одбраната на ексминистерот отфрла секаква вмешаност
Македонија

БЕКТЕШИ НЕМА ПОТПИШАНО НИТУ ЕДНА ЛИЦЕНЦА ЗА „ПЛУС“ Одбраната на ексминистерот отфрла секаква вмешаност

10/12/2025

AA

Oдбраната на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, денеска во воведниот говор на судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, изјави дека „во дејствијата на обвинетиот нема причинско-последична врска“ и дека Министерството со кое раководел немало никаква надлежност за инспекциски надзор.

Адвокатот Еленко Миланов пред Судот тврдеше дека трагедијата е резултат на неовластена употреба на пиротехника во затворена просторија, спротивно на закон, а не последица од одлуки или пропусти на поранешниот министер.

Во воведниот збор, Миланов истакна дека обвинението мора да утврди конкретен придонес на Бектеши кон делото.

– Дали ја набави пиротехниката? Дали беше во Кочани да ја внесе или, недај Боже, да ја активира – праша тој, додавајќи дека Бектеши е обвинет за соизвршителство со уште 33 лица „од кои половина никогаш во животот не ги сретнал“.

Миланов нагласи дека Бектеши буквално никогаш не бил во Кочани и не можел да има било какви службени обврски поврзани со дискотеката, особено ноќта на трагедијата, меѓу 15 и 16 март 2025 година.

Одбраната најави дека ќе докаже оти сите лиценци што се ставаат на товар на Бектеши (од 2018 до 2022 година) се издадени со факсимил, а не со негов потпис.

– Не постои ниту еден потпис на Бектеши. Ќе докажеме дека најмалку една лиценца е издадена на датум кога тој воопшто не бил во Македонија – рече Миланов.

Тој додаде дека користењето на факсимилот било законски уредено и дека постоеле овластени лица задолжени за неговата примена.

Одбраната го потсети Судот на член 57 од Законот за угостителска дејност, кој утврдува дека инспекциски надзор вршат Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и други инспекциски органи – а не Министерството за економија.

„Министерството нема ниту инспекциска служба, ниту какви било овластувања за надзор“, рече Миланов.

Тој нагласи дека за целиот период не постои ниту еден записник од ДПИ или друг инспекторат доставен до Министерството, со кој се укажува дека клубот „Пулс“ не ги исполнувал минималните технички услови за работа.

Каузалитет нема – трагедијата е резултат на погрешна употреба на пиротехника“

Миланов истакна дека нема законска обврска Министерството да бара утврдување на минимални услови пред издавање лиценца, освен пријава и изјава од корисникот.

– Каузалитет помеѓу лиценците издадени со факсимил на Бектеши и трагедијата нема. Нема ни причинско-последична врска, ниту пак Министерството имало надлежност за инспекциски надзор. Тоа е работа на други органи – нагласи Миланов.

Судењето се одвива под засилени мерки, со присуство на обвинетите, роднините на жртвите и многубројни новинари. Процесот е еден од најмасовните во македонската историја.

Воведни зборови треба да дадат и одбраните на службеници од Министерството за економија – Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи и Размена Чекиќ Дуровиќ – како и пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев.

Воедно се очекува и воведниот говор на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, чиј предмет беше споен со процесот непосредно пред почетокот на судењето.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy