
Бектеши: Колона од автомобили од 5 километри на патот Кичево – Гостивар, на ВМРО-ДПМНЕ треба да и е јасно, без Коридорот 8 нема туризам и економски развој
“Над 5 километри колона од автомобили на патниот правец Кичево-Гостивар! На Струга и Охрид како туристички бисери во земјава им е потребен Коридорот 8 повеќе од кога било” напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерот ја повика опзициската ВМРО-ДПМНЕ да не се кочи овој проект и дека треба да им е јасно дека без овој проект нема туризам и економски развој.
