Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Бехтел и Енка“ направи добивка од 8 милиони евра од автопатите во Македонија, за вработен троши по 2.700 евра месечно
Економија

„Бехтел и Енка“ направи добивка од 8 милиони евра од автопатите во Македонија, за вработен троши по 2.700 евра месечно

29/04/2025

AA

Конзорциумот „Бехтел и Енка“, изведувач на четирите нови автопатски делници од проектот Коридор 8 и Коридор 10Д, во 2024, односно во својата прва целосна година на работење, оствари добивка од 8 милиони евра, според податоците кои „Фактор“ ги обезбеди од Централен регистар.

По платениот данок на добивка, операторот остварил профит од 418.157.733 денари  и со оваа бројка треба да се најде меѓу најуспешните компании по остварена добивка за минатата година. 

Приходите за една година се зголемиле за повеќе од четири пати. „Бехтел и Енка“ наплатил 84 милиони евра, пари кои доаѓаат од Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор.

Бројот на работници се зголемил за повеќе од седум пати. Минатата година била завршена со 1.014 работници. Инаку пред една година беше соопштено дека конзорциумот побарал помош за да обезбеди инженерски кадар и општи работници во вкупен број од 4.000 кој, според работодавачот, ќе биде потребен до завршување на проектот. 

Според трошокот за вработени во завршната сметка, за работниците биле потрошени 33,5 милиони евра., што е околу 40 отсто од остварените приходи. Условно, ако оваа сума се подели на пријавените 1.014 работници, излегува месечно дека за еден вработен „Бехтел и Енка“ вложувал по околу 2.700 евра. Во завршната сметка нема податоци колку пари се потрошиле за основни плати, придонеси, додатоци, даноци, евентуални награди, обуки, престој или други трошоци за работниците.

На почетокот на годинава за да може Бехтел и Енка полесно да гради во земјава, беа предложени измени на Законот за странци, со цел повеќе да се олесни ангажирањето на странските работници кои ќе работат на изградба на предвидените автопатишта, односно да се даде поголем број дополнителни олабавувања и намалувања на критериумите за да се ангажираат странски работници, токму на барање на инвеститорот Бехтел и Енка.

Договорот со „Бехтел и Енка“ под стариот изговор дека има деловни тајни не беше објавен во јавноста ниту од новата власт, а единствено беше кажано дека се остава можност за репреговарање.

Sпоред последниот месечен извештај на „Бехтел и Енка“, изведувачот кој работи на проектот за поврзување на Коридор 8 и Коридор 10Д во Македонија, испратен до инвеститорот „Државни патишта“, се уште ништо не е започнато да се работи на еден од четирите автопати.

Од Требеништа – Струга – Ќафасан не е реализирана ниту една фаза, додека на останатите три делници работите се во прогрес. Официјалните градежни активности започнаа во март 2023, треба да завршат во декември 2027, но на овој автопат, според извештајот, не се започнати ниту геолошките истражувања, поради заштитните критериуми на УНЕСКО.

Јавното претпријатие „Државни патишта“ во програмата за работење за 2025 испланира вкупно 150 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“. Од овие средства, 130 милиони евра се веќе предвидени во државниот буџет за оваа година за американско-турскиот оператор, а јавното претпријатие има уште околу 20 милиони евра непотрошени од претходните години кои дополнително ќе се префрлат, пишува во програмата.

A.K.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Советот

11/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените

11/02/2026
Македонија

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните

11/02/2026
Македонија

„Онкологија“: Словенечки експерт тврди дека се давале дијагнози без потврди

11/02/2026
Македонија

Скопјанец украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра наменети

11/02/2026
Македонија

Алиу на состанок со странските експерти: Очекувам да дадат независен

11/02/2026
Македонија

Андоновски смета дека забраната за социјални мрежи кај најмладите е

11/02/2026
Македонија

ПОТРЕБНА Е КОМПЛЕТНА РЕВИЗИЈА НА ПРЕДМЕТИТЕ ШТО ГИ РАБОТЕШЕ СЈО

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41340
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Советот на ЈО ќе даде мислење

11/02/2026

Советот на јавни обвинители за следната недела ја закажа седницата за давање мислење за пријавените кандидати на огласот за именување

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените јазици 4 часа!

11/02/2026

Синоќа во селото Слупчане, општина Липково, избувнал голем пожар во куќа сопственост на 63-годишниот А.И. Иако материјалната штета е значителна,

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните кардиохируршки случаи

11/02/2026

Интерната и странската експертска комисија што ја ангажираше Министерството за здравство денеска одржаа онлајн состанок за проверка на спорните кардиолошки

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy