
БЕБЕТО Е СПАСЕНО: 27-годишна родилка од Делчево починала на КАРИЛ во Скопје!
Почина 27-годишна родилка од Делчево на КАРИЛ во Скопје, јавува Канал 5.
Според нив, родилката била донесена на клиниката во тешка состојба по масивно крварење во стомачната празнина.
Родилката прво била донесена во болницата во Штип, а лекарите поради итноста на случајот веднаш ја имаат внесено во сала, каде што го извршиле породувањето, но настапило масивно крвавење, по што веднаш и е извршена интервенција.
Мајката и новороденчето веднаш се транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје.