
Барбастро ѝ покажа заби на Барселона и загуби минимално! (ВИДЕО)
Барселона доминираше во првото полувреме и создаде дури 17 шанси во првото полувреме, но искористи само една преку Лопез во 18. минута од натпреварот.
Рафиња на почетокот на вториот дел го зголеми водството на 2-0, но набрзо се разбуди Барбастро и погоди преку Де Меса Гаридо за 1-2 со што донесе возбудувања во продолжение од средбата.
Левандовски беше стрелец на третиот гол за Каталонците од пенал дури во 88. минута, по што Прат од белата точка намали на 2-3 во третата минута од судиското надополнување, но тоа беше сè од домаќинот за овој меч.
