
БАРАЛ ПАРИ, НО ТАА НЕ МУ ДАЛА: Босанец со 24 убоди од нож ја усмртил својата баба
Moмче од Босна и Херцеговина ( БиХ) барало пари од својата баба и откако не му дала ја избодел 24 пати.
Амир Хасанбашиќ(18) денеска пред судот го признал убиството на неговата баба Менсура Хасанбашиќ (69).
Злосторството се случило во неделата во Модрича. Началникот на полициската управа Добој, Слободан Радинковиќ изјавил дека мотивот за убиството бил личен интерес.
Радинковиќ додаде дека осомничениот во изјавата рекол дека по извршувањето на кривичното дело испил десет средства за смирување, дијазепам.
„Така се однесуваше во текот на целата кривична истрага, односно со оглед на неговата возраст се однесуваше ладно, без емоции, за подоцна да го признае извршувањето на кривичното дело и сите детали“, изјавил Радинковиќ.
Радинковиќ рече дека при увидот на просторот помеѓу куќата каде живееле бабата и внукот, на зелениот простор пронашле ранец во кој имало маица со траги од крв, нож и ракавици.
Момчето синоќа е спроведено во Окружното јавно обвинителство Добој, а дежурниот обвинител ќе му предложи на надлежниот суд да му биде одреден притвор.