Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 30 ОТСТО, ЗАСЕГА ПРОТЕСТОТ Е ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ – вработените во УЈП го изразија незадоволството
Економија

БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 30 ОТСТО, ЗАСЕГА ПРОТЕСТОТ Е ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ – вработените во УЈП го изразија незадоволството

16/05/2023

AA

Вработените во Управата за јавни приходи, преку својот синдикат, бараат зголемувбање на платите на вработените за 30 проценти. Вработените кои се членови на синдикалните организации во повеќе градови во земјава излегоа на протест, со цел, како што велат, да го изразат своето незадоволство бидејќи се изоставени од законското покачување на платите во Министерството за финансии. Барањето го имаат доставено и до работодавачот и до ресорниот министер.

„Не сме опфатени во толкувањето од член 66 од Законот за буџет кај што има покачување на плата од 30 отсто, сметаме дека како и сите други во состав на Министерството ни следи. Барањето е многу оправдано базирано врз податоци статистички за покачување на кошницата на трошоци и сите други инфлациони параметри и сите други параметри шт се основ за синдикатот да бара а тоа го предвидува и колективниот договор дека треба да се коригираат врз бара на тие параметри и нашите плати“, изјавил за ТВ Телма Агрон Емини, повереник на Синдикатот при Синдикална организација на УЈП во Тетово.

„Веќе од август лани преговараме за платите бидејќи навистина од 2009 година не се помрднати, во стварност имаше некое поместување само од 5 отсто за последните 14 години. Цените драстично пораснаја и стварно со овие плати УЈП не заслужува да функционира вака како што е“, вели Тони Петровски, член на Синдикалната организација на УЈП Битола.

Протестот беше во траење од час и половина, но доколку не бидат исполнети нивните барања најавуваат порадикални чекори, односно штрајк.

Во УЈП има над 1.000 вработени на ниво на цела Македонија.

Фото: Принтскрин ТВ Телма

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42395
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026

Цените во угостителскиот сектор продолжуваат постепено да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, што укажува на континуиран

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy