Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БАРААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПРАВОСУДСТВОТО САМО ЗА ДА СИ ГИ ЗГОЛЕМАТ ПЛАТИТЕ Мицкоски вели дека сите други изговори се невистинити
Македонија

БАРААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПРАВОСУДСТВОТО САМО ЗА ДА СИ ГИ ЗГОЛЕМАТ ПЛАТИТЕ Мицкоски вели дека сите други изговори се невистинити

05/12/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека барањето за поголем буџет во правосудството е исклучително само заради зголемување на платите. Секој, нагласува Мицкоски, кој вели дека не станува збор за платите, не ја говори вистината. Смета дека доколку им се потребни средства за вработување персонал како што велат, треба да направат список и преку Министерството за финансии дополнителните средства ќе им бидат обезбедени. Дециден е дека нема да им се даде 0,8 отсто од БДП, бидејќи, како што истакнува, државата има и други приоритети.

– Кој кажува дека не станува збор за покачување на платите, не ја кажува вистината. Најдиректно станува збор за тоа и би сакал со тие кои велат дека не е така, најдиректно да аргументирам член по член, барање по барање. Бараат вработувањата и унапредувањата да ги одобрува Советот на јавни обвинители и Судскиот совет. Бидејќи, велат, нам не ни требаат пари за плати, туку да вработиме персонал, немаме – ИТ експерт, сметководител, немаме дактилограф, технички асистент, ние велиме: добро, направете список на судовите и обвинителставата и ќе ви обезбедиме пари со ребалансот на Буџетот, преку Министерството за финансии – вели Мицкоски.

Премиерот на брифинг со новинарите истакна оти тие средства ќе бидат наменети за вработување лица кои ќе ги изберат судовите и обвинителствата, откако ќе им бидат одобрени од Судскиот совет и Советот за јавни обвинители и оти треба да го направат тој список кој од нив се бара.

– Тој буџет што тие го бараат од 0,8 проценти нема да го дадеме, макар и да е задолжителен. Затоа што 0,8 од БДП на 20 милијарди долари од БДП е 160 милиони долари. Толку пари не може да дадеме затоа што треба да издвоиме за НАТО 3,5 проценти за воени трошења и 1,5 проценти за критична инфраструктура, треба да издвоиме за плати, за пензии, за социјални трансфери… Трипати да го зголемиме буџетот за судовите пари нема и нема да го зголемиме туку ќе дадеме за вработувања за кои тие велат дека им се потребни – нагласува Мицкоски.

Тој вели дека според Извештајот на Советот на Европа кој се темели на бројки од 2022 година, за правосудство – судови, обвинителства и бесплатна правна помош земјава издвојува 0,39 отсто, иако, како што посочи, според наши бројки е 0,44 проценти.

– Сепак и да е 0,39 со зголемувањето кое го бараат за вработување персонал би се качил процентот на околу 0,4 отсто, вели премиерот Мицкоски.

Според него, многу понеопходно е да се вработат нови судии и јавни обвинители, но за тоа, потенцира, треба да заврши постапката за 9 генерација, па да се распише конкурс за десеттата и единаесеттата генерација.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy