Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БАРААТ ПОМОШ И ОД ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Некои членки на ЕУ против зголемениот увоз на земјоделски производи од Украина
Економија

БАРААТ ПОМОШ И ОД ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Некои членки на ЕУ против зголемениот увоз на земјоделски производи од Украина

01/04/2023

AA

Шефовите на држави и влади на Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка испратија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое повикуваат на преиспитување на мерките за борба против негативните ефекти од зголемениот увоз на земјоделски производи од Украина во овие земји, објави прес-службата на бугарскиот претседател.

Според лидерите на петте земји-членки на ЕУ, војната на Русија против Украина доведе не само до огромно зголемување на производствените трошоци во земјоделскиот сектор и деловните ризици, туку и до проблеми на земјоделските пазари во Европа, се вели во писмото. 

Најсериозните потешкотии поради значителното зголемување на понудата на земјоделски производи се забележани токму во земјите кои граничат со Украина или во нејзина непосредна близина.

Во исто време, тешкото пласирање на вишокот жита, маслодајни и други култури во магацините ги дестабилизира пазарите и доведува до наметнување дополнителни трошоци за земјоделските производители.

Во писмото се нагласува потребата од значително зголемување на финансирањето на ЕУ за мерките за поддршка, при што лидерите бараат дополнителни извори на финансирање за поддршка на земјоделците кои претрпуваат штета и се изложени на ризик да ја загубат ликвидноста.

Европската комисија е исто така поканета да ја анализира можноста за купување на вишок жито од земјите-членки кои се соседи на Украина за хуманитарни цели.

Потврден е и повикот за финансиска поддршка од ЕУ за побрз развој на транспортната инфраструктура и зајакнување на врските за да се овозможи непречен трансфер на стоки од Украина во трети земји.

Украина, еден од најголемите светски извозници на жито, ги блокираше своите пристаништа на Црното Море по руската инвазија во февруари 2022 година и најде алтернативни транспортни патишта низ земјите на Европската унија, Полска и Романија, а таканаречените логистички тесни грла доведоа до големи количини украинско жито, што се поевтини од оние што се произведуваат во ЕУ, завршуваат во земјите од Централна Европа, што се одрази на продажбата на производите на локалните производители.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА

27/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен

27/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се

27/11/2026
Македонија

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато,

27/11/2026
Македонија

БИ САКАЛ СИТЕ ДА БИДЕМЕ ВО ЕУ, НО ТАА МОРА

27/11/2026
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46971
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена од Гостивар со тешки повреди

27/11/2026

Жена од Гостивар била брутално претепана од сопругот, по што со тешки повреди завршила во болница, дознава Плусинфо. Од СВР

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ ЈА УКРАЛ ЧАНТАТА Разбојникот извадил

27/11/2026

Жена во Тетово останала без 4.000 денари откако маж ѝ се заканил со нож додека седела пред кафетерија и пиела

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА СООБРАЌАЈОТ Целосен прекин на магистралата

27/11/2026

Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Скопје вечерва е целосно во прекин кај селото Ботун, откако патничко возило излетало од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy