Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БАНКАРСКИТЕ КУЌИ И ПРОГНОЗИРААТ СИЛЕН РАСТ НА ИНДИЈА: Ќе ја надмине Америка и ќе стане втора по големина економија во светот
Економија

БАНКАРСКИТЕ КУЌИ И ПРОГНОЗИРААТ СИЛЕН РАСТ НА ИНДИЈА: Ќе ја надмине Америка и ќе стане втора по големина економија во светот

12/07/2023

AA

Индија може да стане втора по големина економија во светот до 2075 година, а дотогаш да ги надмине Јапонија, Германија и САД, се наведува во најновата прогноза на „Голдман Сакс“.

Како што пишува во извештајот на овој инвестициски гигант, предностите што моментално ги има Индија се зголемената популација, капиталните инвестиции и зголемената продуктивност на работниците, но и се помалиот број на зависни лица.

Економистот на „Голдман Сакс“ специјализиран за Индија, Сантана Сенгупта, наведува дека во следните две децении, земјата ќе има еден од најниските соодноси на зависни и вработени меѓу регионалните економии.

Според тоа, следните 20 години претставуваат временски прозорец во кој Индија треба да ги прошири своите производствени капацитети, пазар на услуги и инфраструктура, наведува тој, пренесува „CNB“.

Голдман Сакс го наведува напредокот на Индија во технологијата како важен фактор за економскиот раст на земјата.

Приходите на индиската технолошка индустрија се очекува да пораснат за 245 милијарди долари до крајот на оваа година, според прогнозата на Наском, индиската невладина трговска асоцијација.

Тој раст ќе се потпира на областите на информатичката технологија, управувањето со деловните процеси и производството на софтвер, според прогнозата.

„Голдман Сакс“ на таа листа ги додава капиталните инвестиции.

– Стапката на штедење во Индија веројатно ќе се зголеми со падот на коефициентите на зависност, зголемувањето на приходите и поголемиот развој на финансискиот сектор, што веројатно ќе го направи фондот на капитал достапен за понатамошни инвестиции – се вели во извештајот на инвестицискиот гигант.

ПОТЕНЦИЈАЛНА „АХИЛОВА ПЕТА“ НА ИНДИСКИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ

Експертите од „Голдман Сакс“ ја сметаат ниската стапка на учество на работоспособните Индијци на пазарот на трудот како потенцијална слаба точка за очекуваната економска експанзија на земјата.

– Стапката на учество на работната сила во Индија е намалена во текот на изминатите 15 години, се вели во извештајот, истакнувајќи дека стапките на учество на жените се „значително пониски“ од мажите. Се нагласува дека само 20 отсто од работоспособните жени се вработени – што во извештајот се објаснува и со тоа што најголем дел од нив работат сезонски.

ИНДИЈА Е ТРЕТА НАЈГОЛЕМА ЕКОНОМИЈА НА СВЕТОТ ДО 2030 ГОДИНА

Ace & Pi Global и Morgan Stanley исто така предвидуваат дека Индија е на пат да стане трета по големина економија во светот до 2030 година.

Индискиот БДП во првиот квартал од тековната година се зголеми за 6,1 отсто на годишно ниво, лесно надминувајќи ги прогнозите на Ројтерс за раст од 5 отсто.

Се проценува дека економијата на земјата ќе порасне од 7,2 отсто за целата година, во споредба со растот од 9,1 отсто во фискалната 2021-2022 година.

Како што е наведено во извештајот на Голдман Сакс, специфичноста на индиската економија е во тоа што таа е поттикната од домашната побарувачка, за разлика од многу економии кои зависат повеќе од извозот во регионот, при што до 60 отсто од нејзиниот раст се припишува на домашната потрошувачка и инвестиции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy