
БАЛКАНОТ ПОВТОРНО НА НОЗЕ, ГИ НЕМА ИВАН, ПАТРИК И ЛУКАС ОД ХРВАТСКА: Исчезнаа за два дена, имаат по 14 години
Според
информациите кои полицијата ги објави на веб-страницата Нестали.хр, во Хрватска
во последните неколку дена исчезнале тројца 14-годишници, објави jutarnji.hr.
Најпрвин на 7
јануари исчезна Иван Шнајдар, кој се оддалечил од својата адреса во Загреб, а
бил облечен во тренерки и бела маица. Иван има кафена коса, сини очи и средна
градба.
Еден ден подоцна,
во Риека исчезна Лукас Кираљ Јеремиќ, исто така на 14 години.
Во понеделникот,
исто така на 8. јануари во Загреб исчезна и Патрик Гек (14), кој во моментот на
исчезнувањето носел црни панталони, портокалова кошула со качулка, црна јакна и
патики. Патрик е висок 175 см, има кафена коса и кафени очи и е со средна
градба.
Во објавата од полицијата се наведува:
Доколку имате
информации за овие лица, полицијата ве повикува веднаш да ја известите
најблиската полициска станица или да се јавите на 192. Информациите можете да
ги доставите и на е-маил адресата: nestali@nestali.hr.
ФОТО: MUP/Hrvatska