Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗГОЛЕМЕНА ПОТРОШУВАЧКА НА СТРУЈА ВО ЕВРОПА: Мегаватсат поскапува за 50 отсто на европските берзи
Економија

ЗГОЛЕМЕНА ПОТРОШУВАЧКА НА СТРУЈА ВО ЕВРОПА: Мегаватсат поскапува за 50 отсто на европските берзи

11/01/2024

AA

Студениот бран ја зголеми потрошувачката и цените на струјата во Европа, па во споредба со декември цената на мегават-час на европските берзи порасна за 50 отсто и сега достигнува 120 евра, јавува денеска РТС.

Поради студот цела Европа бележи пораст на побарувачката, а реагираат и берзите за струја.

Големопродажната цена на мегават-час во декември беше меѓу 70 и 80 евра, а сега достигнува 120 евра, па овие денови најмногу увезуваат Германија, Италија и Унгарија.

„Времето е некако највидливиот фактор кој влијае на зголемување на потрошувачката, побарувачката и со тоа и на поскапување во рок од два-три дена. Потоа има многу други фактори – капацитет за складирање на гас, потоа имаме и некои макроекономски и глобални политички фактори. Така што не можеме со сигурност да кажеме, но ако продолжи овој студен бран, можеме да очекуваме сличен тренд на цените да продолжи до крајот на јануари“, изјави за РТС Милош Младеновиќ, извршен директор на српската берза за електрична енергија СЕПЕКС.

Во Србија снабдувањето е стабилно, а само од средата потрошувачката на струја е зголемена за една петтина.

„Производството е стабилно. Во првите 10 дена од јануари е извезена и продадена струја во вредност од 78.000 мегават-часови, при што е остварен приход од околу 6,7 милиони евра“, изјави за РТС Давид Жарковиќ, извршен директор за енергетско портфолио во ЕПС.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy