Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БАКШИШ ПРЕКУ КАРТИЧКА НЕ ЛЕГНУВА – дали регулирањето на наградата ќе ги подобри услугите во кафаните?
Економија

БАКШИШ ПРЕКУ КАРТИЧКА НЕ ЛЕГНУВА – дали регулирањето на наградата ќе ги подобри услугите во кафаните?

09/02/2023

AA

Бакшиш преку картичка кај нас е невозможна мисија.
Граѓаните не можат, иако сакаат да остават „награда“ за келнерите и останатите
вработени во кафаните, кафулињата или другите услужни објекти, по електронски
пат.

Во голем број развиени земји во светот оваа кочница
е веќе надмината со законски решенија или разни други форми кои овозможуваат на
клиентите да им остават бакшиш на келнерите и преку картичка, односно преку
електронски пат.

Во оваа насока и во соседството веќе се подготвува и
заговара законско решение кое ќе овозможи „наградата“ за вработените да биде
редовна, но и да може истата да се даде во секој случај, па дури и кога гостите
немаат кеш со себе.

И самите посетители на кафаните укажуваат дека
денешните навики ја бараат оваа промена бидејќи се помалку имаат кеш со себе.

– При последните
посети на една позната кафана во центарот на градот, по долг и пријатен престој
од кој бевме навистина задоволни, бевме услужени екстремно професионално и
великодушно, сакавме да оставиме награда за вработените преку картична, но за
жал тоа беше невозможно, па моравме да се организираме меѓусебно колку имаме,
но според нас, недоволно, да им оставиме бакшиш на келнерите – вели еден
скопјанец.

И угостителите го делат овој став и велат имаше
неколку иницијативи за надминување на овој проблем уште пред короната, но за
жал се уште нема решение и договор за воведување на бакшишот како форма во
сметките, со што би можел да се исплаќа и преку картичка.

– Не ни треба
законско решение, доволно ќе биде преку УЈП да се добие согласност „типсот“ да
се пресметува преку фискалната сметка. Но, за ова ни треба договор дали на него
ќе се пресметува и дали ќе подлежи на даноци. Став на угостителите е дека
„типсот“ не треба да биде поголем од самата смекта која ја плаќаат клиентите –
вели првиот човек на Независната угостителска комора Здравко Јосифовски.

Јосифовски за „Фактор“ укажува дека досегашната
пракса укажала на многу недостатоци поради фактот дека не е никако регулирана
формата на бакшиш во нашите угостителски објекти.

– Проблем денес е
ако гостите плаќаат со картичка, и ако да речеме сметката е 360 денари, а они
сакаат да се наплати 400 денари, разликата да остане за вработените како еден
вид награда. Но, тоа не може да се направи, тој бакшиш келнерот нема начин како
да го наплати, ниту како да го земе од касата. Иако имавме иницијатива и пред
короната да се регулира ова проблематика на некој начин, истата се уште не е
регулирана. Со согласноста ќе се дефинира дали да се даночи со ДДВ типсот или
пак со персонален дано – објаснува Јосифовски.

Првиот човек на НУК појаснува дека дополнителен
проблем е што бакшишот во различни објекти различно се дели, односно некаде
останува само за конкретен келнер, но некаде бакшишот се собира на дневна
основа и се дели на сите вработени. Тој додава дека има угостителски објекти
каде бакшишот се собира на месечна основа и се дели меѓу сите вработени бидејќи
квалитетот на производот и на услугата доставена до клиентите не е резултат
само на работата на келнерот, туку на целиот персонал во објектот.

– 
Има два модели кои може да се применат,
уедначување  со тоа ќе се поттикнат келнерите и сите вработени на
поголема љубезност, на подобрување на услугата кон посетителите. Бакшишот може
да биде задолжителен од 5, 7 или 10 отсто… од сметката, но и незадолжителен,
односно ако гостите сакаат. Со правилник, секој угостителски објект ќе си
одреди сам дали ќе има бакшиш или нема да има и ова би можело да се постигне со
договор, односно средба меѓу угостителите и институциите под чија надлежност се
финансиите – посочува Јосифовски.

Тој дополнува дека поради недостиг на регулатива
како што е сега се создаваат проблеми кои лесно може да се надминат.

– 
Согласно сегашните услови, ако некој сака да ги
почасти келнерите, или останатите вработени, и притоа нема кеш, се допишува некој
производ на сметката, но на овој начин настанува проблем бидеќи потоа е тешко
да се одреди што треба да оди како типс, колку како данок или трошоци – објаснува
Јосифовски.

Бакшишот е веќе регулиран во голем број развиени
земји, а негово регулирање се најавува и во соседна Србија и Хрватска. Според
пишувањата на медиумите од соседството, се предлага наградата да биде 10 отсто
од износот на сметката, но се уште не се договорени деталите, а угостителите во
Србија се двоумат дали бакшишот да биде задолжителен или пак гостинот сам да
одбере дали ќе остави бакшиш или не.

Здружението на угостителски стопанственици при
Хрватската стопанска комора (ХГК) веќе подготвува закон според кој во системот
за фискализација на рестораните ќе се вклучат бакшиш и дека веќе се дискутира и
за датумот на стапување во сила.

Фото: Принтскрин/Јутуб/Алфа ТВ

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy