
Бааги пред стартот: Суперкомпјутер веќе пресмета кој ќе биде шампион на Англија!
Според него, Манчестер сити ќе ја продолжи доминацијата во англиското првенство, најголеми конкуренти на патот кон трофејот ќе му бидат Арсенал и Ливерпул, додека веднаш зад оваа тројка би се нашол засилениот тим на Манчестер јунајтед.
Последен, пак, би бил Ипсвич, а лигата би ја напуштиле Нотингем форест и Вулверхемптон. Според суперкомпјутерот, конечната табела во сезоната 2024/25 во Премиер лигата би изгледала вака: Манчестер сити 94 бода, Арсенал 86, Ливерпул 80, Манчестер јунајтед 71, Челзи 67, Астон вила 65, Тотенхем 63, Вест хем 57, Њукасл 57, Брентфорд 57, Кристал палас 47, Борнмут 46, Евертон 42, Фулам 42, Брајтон 35, Лестер 34, Нотингам форест 32, Вулверхемптон 29 и последен ќе биде Ипсвич со 18 бодови.
