Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Азески именуван за придружен член на Европскиот економски и социјален комитет за 2024 година
Економија

Азески именуван за придружен член на Европскиот економски и социјален комитет за 2024 година

20/02/2024

AA

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески е именуван како придружен член на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) за 2024 година, во рамки на иницијативата на Европскиот економски и социјален комитет за вклучување на претставници од земјите-кандидати за членство во ЕУ во структурата на организацијата. Преку иницијативата за вклучување на претставници од земјите членки кои сè уште не се членки на ЕУ во својата структура, ЕЕСК е првата институција на ЕУ која на земјите кандидати им понуди специфична можност за вклучување и учество, која е предвидена како една од целите на Новиот план за раст на Западен Балкан, за инклузивна интеграција на економиите од Западен Балкан кон ЕУ.

Во текот на 2024 година, како дел од Европскиот економски и социјален комитет, Азески ќе има можност да учествува во целиот процес на изготвување на мислења на ЕЕСК (учество во студиски групи, учество на состаноци на секциите и пленарни сесии, со што се заокружува процесот на ЕЕСК за изготвување на мислење) и да обезбедува придонес во процесот на изготвување на голем број избрани мислења на ЕЕСК (легислативи, истражувачки или мислења со сопствена иницијатива) за теми каде нивното учество е особено важно, како што се важни законодавни мислења поврзани со проширувањето, мислења за прашања од паневропска и глобална важност и водечки мислења на ЕЕСК од општа природа.

Активното вклучување на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија директно во работата на органите и телата на Европската Унија е во насока на остварување на зацртаните цели на Комората да обезбедува советодавна поддршка и насоченост на македонските компании во процесот на пристапување кон ЕУ, и остварување на визијата на Комората на иднината, во функција на членките.

Што е Европскиот економски и социјален комитет?

ЕЕСК е составен дел на ЕУ, формиран во 1957 година со Договорот од Рим, како советодавно тело на Унијата, кое има за цел граѓанските организации, невладиниот и приватниот сектор на европско ниво да имаат активно учество во развојот на ЕУ. ЕЕСК е единствен форум за консултации, дијалог и консензус помеѓу претставниците од сите сектори на организираното граѓанско општество. Целта на ЕЕСК е да помогне да се осигура дека креирањето политики и законодавството на ЕУ се подемократски и поефикасни и вистински ги одразува потребите на граѓаните и бизнисите од ЕУ. Значителен број иницијативи на ЕУ за законодавство мора да се достават до ЕЕСК за задолжително мислење пред нивното усвојување.

Со седиште во Брисел, ЕЕСК е составена од 329 членови од сите 27 земји-членки на ЕУ, кои претставуваат здруженија на работодавачи, индустрија, стопански комори, здруженија на мали и средни претпријатија (МСП), синдикати, потрошувачи, земјоделци, либерални професии, борци за попреченост, академија, групи за правата на жените, екологисти, задруги, младински организации, организации за човекови права итн. Севкупно, ЕЕСК обединува околу 250 организации и мрежи на национално ниво, кои претставуваат милиони граѓани на ЕУ. ЕЕСК е составена од три групи: Група на работодавачи, Група на работници, и Група на граѓански организации.

ПР Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy