
АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ФОЛКСВАГЕН СТРАДА ОД НЕДОСТИГ НА ДЕЛОВИ: Намалено производството во две фабрики
Германскиот автомобилски гигант Фолксваген од почетокот на оваа недела го намали
работното време во својата главна фабрика во Волфсбург. Производството е
намалено и во Емден и Оснабрик. Компанијата нема доволно делови за
производство, кои недостигаат поради неодамнешните поплави во Словенија,
јавуваат германските медиуми.
– Од понеделник, 11 септември, одредени смени нема да се
работат во фабриката во Волфсбург, изјави портпаролот на компанијата, пренесува
магазинот Феникс.
Сите четири монтажни линии се засегнати со оваа одлука, која
првично ќе се спроведува три недели. Сепак, засегнати се само поединечни сектори.
– Не се откажани
сите смени и не е целосно
стопирано производството, изјави портпаролот на компанијата.
Но истовремено,
фабриката на Фолксваген во Палмела во близина на Лисабон, Португалија, објави
дека целосно ќе го прекине склопувањето до два месеци почнувајќи од неделава.
Намалувања во производството
VW, исто така, веќе го намали производството во Емден и
Оснабрик. Од 4 септември производството во Емден работи само во една смена
наместо во две, изјави портпаролката на фабриката. Така ќе биде и оваа недела.
Сепак, не се воведува намалено работно време.
Според VW, од 6 септември во Оснабрик се откажани неколку
смени.
„Како што стојат работите денес, претпоставуваме дека нема
да ги произведуваме моторите со внатрешно согорување T6.1 и multivan од
средината на септември до почетокот на октомври“, додаде портпаролот.
Причина за воведувањето на намаленото работно време е
недостигот на делови кои не беа испорачани поради силното невреме што ја зафати
Словенија.
Директорот за набавки најави дека до крајот на септември ќе
има план како да го реши проблемот со недостигот на делови.
ФОТО: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI