Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Австрија се подготвува за големо невреме: Се затвораат патишта и гранични премини, се евакуираат куќите
Македонија

Австрија се подготвува за големо невреме: Се затвораат патишта и гранични премини, се евакуираат куќите

05/08/2023

AA

Според австриската државна метеоролошка агенција, подрачјето на низок притисок над Италија денеска ќе донесе дополнителни големи количини дожд во Австрија, а се очекуваат и нови поплави и лизгање на земјиштето, како и проблеми во сообраќајот, особено за туристите кои патуваат кон Јадранот.

„Особено на југот на Австрија, може да се очекуваат дополнителни поплави и лизгање на земјиштето, бидејќи земјата е веќе заситена од неодамнешниот дожд“, рече метеорологот за геосфера Ханес Ридер, пренесува Јутаранџи лист.

Од вчера на Лојблпас за 24 часа наврнале 200 милилитри дожд, што вообичаено паѓа за еден месец.

Поради поплави и лавини од кал и талог затворени се бројни гранични премини меѓу Австрија и Словенија, вклучувајќи го и преминот Лојблпас, каде во петокот навечер наврнале речиси 200 литри дожд на метар квадратен.

Како алтернативна рута, возачите можеа да поминат само низ тунелот Караванке.

Австриската новинска агенција Апа пишува дека во текот на денешниот ден постои страв од сообраќаен хаос поради заминувањето на туристите на одмор на Јадранот.

Веќе во шест часот утринава пред Караванке кон Словенија имаше километарска линија, а се чекаше час и половина.

Поради лошото време затворена е не само алтернативната траса преку превојот Лојбл меѓу Клагенфурт и Љубљана, туку и словенечкиот автопат А1 во правец кон Виена, пишува Апа и додава дека тоа е најважната транзитна рута низ Словенија и е го користат многу туристи од источна Австрија, Чешка, Унгарија и Словаци кои одат во Хрватска.

Како што информираат од ОРФ, рутата меѓу Марибор и Трст е во прекин до недела, а на неколку места има проблеми меѓу Целје и Љубљана.

Австриските власти издадоа предупредување за катастрофи во некои општини.

Околу 70 домови се евакуирани во Св. Павле во долината Лавантал во Корушка, како мерка на претпазливост.

Од жителите било побарано привремено да одат кај пријателите и роднините со најпотребните работи, додека во јавна зграда е поставено засолниште за итни случаи.

Обилните врнежи предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави на југ, а властите прогласија тревога во делови на Штаерска и Корушка.

Во областите околу Ајзенкапел и Клагенфурт, некои места беа отсечени од околината во петокот рано наутро.

Покрај пожарникарите, за полнење вреќи со песок беа ангажирани и австриските вооружени сили.

Властите ги повикаа луѓето да не возат освен ако патувањето не е неопходно. Поради количеството вода, беше донесена федералната армија.

Во другите делови на земјата во текот на ноќта наврнаа 70 милилитри дожд. Ангажирани се противпожарни екипи за испумпување на водата и расчистување на паднатите дрвја.

Според комуналното претпријатие „Енерџи Штајермарк“ вчера без струја останале околу 4.000 домаќинства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy