Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ѓаволите“ магнет за ѓаволи: И Санчо отстранет од првиот тим на Јунајтед!
Спорт

„Ѓаволите“ магнет за ѓаволи: И Санчо отстранет од првиот тим на Јунајтед!

14/09/2023

AA

Англискиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо (23) е отстранет од првиот состав по конфликтот со тренерот Ерик тен Хаг и ќе тренира одвоено додека не се реши ситуацијата со него и тренерот, соопштија од клубот.

Тој беше изоставен од тимот за натпреварот против Арсенал, кој се одигра пред репрезентативната пауза, а холандскиот менаџер објасни дека Санчо бил под вообичаеното ниво на тренинзите. Крилниот напаѓач потоа изјави дека тоа не е вистина и дека тој всушност долго време бил „жртвено јагне“.

Манчестер јунајтед го донесе Санчо од Борусија Дортмунд во 2021 година во трансфер вреден 85 милиони евра, но тој не ги оправда очекувањата. За две години одигра 58 натпревари во Премиерлигата, постигна девет гола со шест асистенции. Минатата сезона беше надвор од терените три месеци бидејќи работеше на менталното здравје.

Ова е уште еден доказ дека „ѓаволите“ своевиден магнет за ѓаволите меѓу фудбалерите, до оглед што во моментов надвор од тимот е и Бразилецот Антони, кој е обвинет за физичко насилство врз поранешната девојка, а неодамна клубот поради слични проблеми го напушти и талентираниот Гринвуд, кој долго време беше суспендиран.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Корисниците на вториот пензиски столб можеби ќе бидат разочарани

22/06/2026
Македонија

И Здравје и Работа: Државата има должност да ги искористи

22/06/2026
Македонија

Македонскиот рубин доби официјална заштита и стана национално богатство

22/06/2026
Македонија

Драматично попладне во Македонија: Локализирани 14 пожари, три огнени стихии

21/06/2026
Македонија

Четири лица се лишени од слобода од вкупно пет пријави

21/06/2026
Македонија

Уапсени 20 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без

21/06/2026
Македонија

Бугарин следел жена во Скопје и се самозадоволувал пред неа

21/06/2026
Македонија

Крвав инцидент во Тетово: Дваесетгодишник избоден со нож пред Универзитетот,

21/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43865
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Корисниците на вториот пензиски столб можеби ќе бидат разочарани

22/06/2026

Вториот пензиски столб се наметнува како една од клучните теми во најавените реформи на пензискиот систем. Меѓу идеите што се

И Здравје и Работа: Државата има должност да ги искористи своите ресурси за подобар животен

22/06/2026

Македонија не е сиромашна земја. Македонија е земја која со години не знае или не сака да ги искористи своите

Македонскиот рубин доби официјална заштита и стана национално богатство

22/06/2026

Македонскиот рубин официјално доби статус на заштитено национално минерално наследство, со што е направен значаен исчекор во зачувувањето на едно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy