Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јавноста во исчекување дали Уставниот суд ќе го укине спорниот член од Законот за облигациони односи
Економија

Јавноста во исчекување дали Уставниот суд ќе го укине спорниот член од Законот за облигациони односи

10/09/2024

AA

Јавноста во исчекување дали Уставниот суд ќе го укине спорниот член од Законот за облигациони односи

Две лица од Скопје насилно внеле во возило трето лице и физички го нападнале. Причината биле должничко-доверителски односи. Овој немил настан од редовите на црната хроника е потсетник на важноста од регулирањето на должничко-доверителските односи кои треба да се решаваат низ институциите на системот, а не анархично, на улиците. Токму затоа и „сите очи“ се вперени кон Уставниот суд кој се очекува месецов да поведе постапка по иницијативи за оценување на уставноста на членот 2 и членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи. Имено, овие спорни членови предвидуваат застарување на побарувањата постари од 10 години и предизвикаа низа реакции кај правните и физичките лица. Тие досега заради низа причини не успеале да си ги наплатат долговите, дел од нив направиле и дополнителни трошоци покренувајќи постапки во обид да си го остварат своето право, а сега со спорните членови од Законот за облигациони односи (ЗОО), треба да се откажат од сѐ во корист на должникот. 

Граѓаните и компаниите кои имаат побарувања по различни основи, полагаат големи надежи во Уставниот суд, бидејќи тоа е единствената шанса да ги наплатат своите побарувања. Уставниот суд одлучува по иницијативите поднесени од адвокатот Љупчо Кузмановски и иницијативата поднесена од Предраг Баришиќ. Кузмановски во интервју нагласи дека очекува да победи правната држава за што на потег е Уставниот суд. 

Побарувањата се по разни основи како на пример, неисплатени плати и придонеси, алиментација, наплата на надомест за издршка на дете, побарувања од остварување на надомест од несреќен случај, при услови кога настапува смрт и телесна повреда или оштетување на здравјето. Доверители се и граѓани од ранливи категории, а силна реакција стигна и од бизнис секторот. Имено, компаниите и на индивидуално ниво и преку Стопанската комора реагираа во јавноста за спорните членови од ЗОО. Оттаму потенцираа дека регулатива која ги штити должниците создава негативни услови за развој и правна несигурност. 

Исто така, ваквите законски решенија дозволуваат селективен пристап во подмирување на обврските при јавните набавки, на некои се подмируваат побарувањата, а другите се праќаат во фамозната рамка, па на застарување. Не постоење правна сигурност во сопственоста, доведува да се намалува бројот на фирми, понудувачи во јавните набавки, намалена понуда доведува до повисока цена на штета на државата, се стимулира корупцијата за да се наплати долгот, и фирмите кои не успеваат да наплатат, престануваат со работа што е негативно за државата, која наплаќа даноци од работењето на секое претпријатие.

Адвокатската комора на Македонија потенцираше дека членот 2 и членот 4 од 368 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи се дискриминирачки и спротивни на Уставот. Со наведените измени се наруши правниот ред и поредок, се поттикна финансиска недисциплина, при што должниците се ставија во привилегирана положба, наспроти доверителите, а се наруши и финансиската стабилност на државата. Според Уставот, правото на сопственост е загарантирано право на секој граѓанин и правно лице. Уставот е највисок правен акт во државата, па оттука сите законски, подзаконски акти и други пишани правила треба да бидат во целосна согласност со овој правен акт.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ Нивниот

15/10/2026
Македонија

ЖЕНА ПАДНАЛА ОД БАЛКОН ДОДЕКА ГО ЧИСТЕЛА Со тешки повреди

15/10/2026
Македонија

ВЕТО НА ЕДНА ЧЛЕНКА Е ДОВОЛНО ЗА БЛОКИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ

15/10/2026
Македонија

ОД МАРТ ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО ДУБАИ ТРИПАТИ НЕДЕЛНО

15/10/2026
Македонија

📽️ „СЛАВНИОТ ДРИФТАЧ“ ОД ШТИП ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА

15/10/2026
Македонија

АНАЛИЗА • БУГАРИЈА МОЖЕ ДА ОДБИЕ ЕКСТРАДИЦИЈА, НО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ

15/10/2026
Македонија

БУГАРСКИ РАДИКАЛИ СО ЖЕСТОК ГОВОР НА ОМРАЗА КОН МАКЕДОНИЈА ЈА

15/10/2026
Македонија

ЦРНОГОРЕЦ ЛЕТАЛ КОН ТАБАНОВЦЕ СО 185 КМ/Ч Камерите го евидентирале,

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46177
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ Нивниот извоз од Македонија в година

15/10/2026

Компанијата „Кромберг и Шуберт” започнува нов инвестициски проект со кој во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000

ЖЕНА ПАДНАЛА ОД БАЛКОН ДОДЕКА ГО ЧИСТЕЛА Со тешки повреди е пренесена на лекување во

15/10/2026

Жена од Гостивар паднала од балкон при што се здобила со тешки повреди. – Според пријавеното, Г.И. (71) паднала додека

ВЕТО НА ЕДНА ЧЛЕНКА Е ДОВОЛНО ЗА БЛОКИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ Милошоски вели

15/10/2026

Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy